Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

И Здравје и работа: Повиците на активистите за меѓународна арбитража за „Иловица – Штука“ се неодговорни – цената ќе ја платиме сите

30 јуни 2026

(Видео) Хаос во центарот на Атина: Се урна станбена зграда – четворица се затрупани

30 јуни 2026

Осмо издание на фестивалот “Запознај ја Преспа” од 3 до 5 јули во Брајчино!

30 јуни 2026

Во Доха продолжуваат разговорите помеѓу САД и Иран

30 јуни 2026

Во Скопје издаден жолт аларм: Се очекуваат грмежи, пороен дожд и засилен ветер

30 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Осмо издание на фестивалот “Запознај ја Преспа” од 3 до 5 јули во Брајчино!

Press OnlineBy Press Online30 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Годинава по осми пат од 3 до 5 јули ќе се одржи фестивалот “Запознај ја Преспа”. Во духот на оваа иницијатива чија цел е обединување на Преспаните од трите крајбрежја на Преспанското езеро во три различни држави, програмата на овогодишното издание на фестивалот го рефлектира богатството на различностите, духот и традицијата на Преспа како регион омеѓен од четири национални паркови во три држави.



Програмата на фестивалот започнува со настап на групата “Персиди” од Ресен со посвета на македонската поп ѕвезда Владо Јаневски а ќе продолжи со изведба на македонски шлагери и ресенски староградски песни. На отворањето, по нивно барање, ќе се приклучи и женскиот хор од Прилеп, КУД Преродба со хорска изведба на староградска музика. Отворањето на фестивалот е во школскиот двор на едно од најубавите села во преспанско, Брајчино. Братичани, како што се нарекуваат жителите на ова село во падините на Пелистер, вечерта на отворањето на фестивалот ќе го презентираат и обновениот стар селски казан за правење ракија кој од сега ќе служи и како музеј и инфо центар на ова село кое е една од најатрактивните дестинации на странските туристи во Преспа. Овој простор, реставриран со поддршка од фондовите на ЕУ, по завршувањето на официјалниот дел од програмата на отворањето на фестивалот ќе биде и место каде што помладите генерации ќе можат да се забавуваат во рамките на фестивалската манифестација “Ноќ без интерпункција”.

Фестивалот продолжува на 4 јули во 11.00 кога на полената во село Брајчино ќе бидат изложени локалните земјоделски производи и традиционалните готвени јадења од регионот на Преспа. Посетителите на овој Фестивал на преспанска храна ќе можат да ги вкусат преспанските цирони на Милка, познатиот зелник на тетка Ѓулче, гулашот од срнечко на Мери, кашкавалот на Игор од Пелистер, виното и ракијата од првата преспанска винарија на нашиот Аце од Крани. За време на оваа гурманска манифестација посетителите ќе можат да ги слушнат нашите гости од Грција “Valkanis Brothers Brass Band” кои настапуваат со традиционални чалгии од грчкиот дел на Преспа. По нив настапува и “Флавио” со корчански серенади а со нас се и ресенските “Персиди” со ресенски староградски песни.

За посетителите на фестивалот оваа година има и џез во изведба на “Hot jazz orchestra” кој ќе изведат медитерански свинг минијатури. Нивниот репертоар изобилува со композиции од 20’ до 40’ години на минатиот век а со цел да ги зачуваат раните фази на џез историјата. Шамба и Буцо на гитара и Иво на кларинет ќе настапат на атрактивна локација каква што е онаа на нашиот Бале крај студената пелистерска вода на брајчинската река на неполни 50 метра од локацијата каде што се одржува Фестивалот на храна. Нивниот настап е предвиден да започне во 17.00.

Во 19.30 на 4 јули во падините на Баба планина над преспанското езеро гостите ги чека нашиот специјалист кардиолог др. Спирковски кој своето слободно време во целост и го посветува на музиката под наслов “Музички селектор- Игор Спирковски- Coma Collective”. Во негов избор на музика посетителите на фестивалот ќе имаат можност да го “поздрават” сонцето на неговото заоѓање во водите на преспанското езеро. Овој настан кој трае до 21 часот се случува на локацијата позната како Рудина на стариот пат меѓу селата Љубојно и Долно Дупени.

Штом се стемни се селиме на песочната плажа на Дупени позната како “Dupeni beach” каде што не чекаат Ди џеите Боле, Лука, Мартина, Бериќет, Дексо и Салпе. Електронската музика на оваа локација на самата граница со Р. Грција ќе се слуша до 03.00. Музиката на самата гранична линија ќе испрати гласна порака за што поскоро отворање на граничниот премин Маркова нога меѓу Република Северна Македонија и Република Грција а се со цел да се оствари непречениот проток на луѓе, добра и идеи со што во голема мера ќе се поттикне социоекономскиот развој на овој регион во трите држави кои ги делат водите на преспанското езеро.Во сабота на 4 Јули за гостите кои ќе сакаат одмор од храна и музика имаме и два документарни филмови посветени на богатата мултикултурна традиција на Преспа но и нејзината иселеничка судбина. Проекциите на документарните филмови ќе се одржат во стариот Казан за ракија во село Брајчино од 16.00 до 18.00.

Конечно во недела на 5 јули на заминување гостите на фестивалот ќе можат да си заминат со телешка чорба која Братичани ја прават во котелот на сред село.

Фестивалот Запознај ја Преспа кој го иницираше НВО Преспа Град се одржува во рамките на проектот “ Истражување на неистражените патеки за одржлив развој” кој го реализираат невладините Евротинк и Преспа ГРАД во соработка со партери од Грција и Албанија а поддржан од фондот на ЕУ “ЕУ за Преспа” .

Благодарност и до спонзорите “Прилепска пивара” , “Тиквеш” и АД за приредување на игри на среќа „Државна лотарија на Северна Македонија“ со чија поддршка ќе биде помогнат развојот и промоцијата на Преспа.

Ве чекаме на 3 јули во Брајчино за еден летен викенд кој ќе ви овозможи да ја вдишете Преспа



Поврзани содржини

И Здравје и работа: Повиците на активистите за меѓународна арбитража за „Иловица – Штука“ се неодговорни – цената ќе ја платиме сите

30 јуни 2026

Во Скопје издаден жолт аларм: Се очекуваат грмежи, пороен дожд и засилен ветер

30 јуни 2026

Тамара Аџиска е проведената професорка од Штип која барала поткуп од 300 евра за студент да положи

30 јуни 2026
НАЈНОВО

И Здравје и работа: Повиците на активистите за меѓународна арбитража за „Иловица – Штука“ се неодговорни – цената ќе ја платиме сите

30 јуни 2026

(Видео) Хаос во центарот на Атина: Се урна станбена зграда – четворица се затрупани

30 јуни 2026

Осмо издание на фестивалот “Запознај ја Преспа” од 3 до 5 јули во Брајчино!

30 јуни 2026

Во Доха продолжуваат разговорите помеѓу САД и Иран

30 јуни 2026

Во Скопје издаден жолт аларм: Се очекуваат грмежи, пороен дожд и засилен ветер

30 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.