Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Во гасењето на големиот пожарот кај Велес попладнево вклучен воздухоплов на ДЗС

30 јуни 2026

Кога Црна Гора ќе влезе во ЕУ ќе добие 3 милијарди евра од следниот буџет на Унијата

30 јуни 2026

Удар за Трамп: Врховниот суд ја отфрли извршната наредба да го укине правото на државјанство по раѓање

30 јуни 2026

Реконструкција: Клековски во Здравство, Перински во ФЗО, Стоилковиќ во Локална самоуправа

30 јуни 2026

Пожар во близина на македонско-грчката граница кај Дојран

30 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Реконструкција: Клековски во Здравство, Перински во ФЗО, Стоилковиќ во Локална самоуправа

Press OnlineBy Press Online30 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во претстојната реконструкција на владата на премиерот Христијан Мицкоски, носечката партија во коалицијата ВМРО-ДПМНЕ ќе ги добие ресорите Здравство и Социјална политика, кадри на Влен ќе застанат на чело на Правда, Односи меѓу заедниците и Култура, а ЗНАМ го добива Министерството за земјоделство, велат партиски извори за „360 степени“. Притоа, министерско место без ресор се очекува да добие Демократската партија на Турците, а Шабан Салиу веќе нема да биде министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030 г.



Во Министерството за здравство, според нашите извори, доаѓа Сашо Клековски, кој е актуелен директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Неговата директорска позиција во ФЗО ја добива Златко Перински, сегашен министер за локална самоуправа. Во оваа ротација, во испразнетиот владин ресор Локална самоуправа се сели Иван Стоилковиќ, вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците. Кадар на ВМРО-ДПМНЕ застанува на чело на Министерството за социјална политика, демографија и млади. Според информациите на „360 степени“, унапредување во министер добива актуелниот заменик во овој ресор, Ѓоко Велковски.

Размената на ресори, според договорот меѓу владините партнери, предвидува во Министерството за односи меѓу заедниците да дојде кадар на Влен. Владејачката партија на Албанците ќе раководи и со Министерството за правда, за каде како потенцијален шеф се спомнува универзитетскиот професор Јетон Шасивари. По промените, Влен ќе има и министер за култура, позиција од која заминува Зоран Љутков. Беким Сали останува министер за европски прашања.

ЗНАМ, по губењето на Правда, каде што министеруваше Игор Филков, ќе раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во нов шеф на овој ресор се очекува да биде промовиран Борче Серафимовски, кој во моментов е државен секретар во истото министерство.

Формализирање на политичкиот договор на лидерите се очекува прво преку одлуки на надлежните партиски тела, потоа доставување на предлогот од премиерот до парламентот и конечно одлука на пленарна седница на Собранието.

Владата на премиерот Христијан Мицкоски беше избрана на 23 јуни 2024 година со 77 гласа „за“.



Поврзани содржини

Во гасењето на големиот пожарот кај Велес попладнево вклучен воздухоплов на ДЗС

30 јуни 2026

Пожар во близина на македонско-грчката граница кај Дојран

30 јуни 2026

И Здравје и работа: Повиците на активистите за меѓународна арбитража за „Иловица – Штука“ се неодговорни – цената ќе ја платиме сите

30 јуни 2026
НАЈНОВО

Во гасењето на големиот пожарот кај Велес попладнево вклучен воздухоплов на ДЗС

30 јуни 2026

Кога Црна Гора ќе влезе во ЕУ ќе добие 3 милијарди евра од следниот буџет на Унијата

30 јуни 2026

Удар за Трамп: Врховниот суд ја отфрли извршната наредба да го укине правото на државјанство по раѓање

30 јуни 2026

Реконструкција: Клековски во Здравство, Перински во ФЗО, Стоилковиќ во Локална самоуправа

30 јуни 2026

Пожар во близина на македонско-грчката граница кај Дојран

30 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.