Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Премиерот Мицкоски го соопшти предлог составот на неговиот нов Владин кабинет

30 јуни 2026

Трамп: Ако продавачите на гориво не ги намалат цените веднаш, ќе има големи проблеми

30 јуни 2026

Кризен штаб на Бутел на терен: Во тек е справување со последиците од невремето

30 јуни 2026

Топлотниот бран е само „генерална проба“ за летата што претстојат, вели директорот на СЗО за Европа

30 јуни 2026

Марија Митева е нова претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов веќе не е лидер на младите сили

30 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

СДСМ: Кога нема резултати, се бркаат политички противници

Press OnlineBy Press Online30 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Христијан Мицкоски се претвори во обвинител и судија. Денеска, по кој знае кој пат, повторно преку медиумите испраќа закани до политичките противници. Вакво нешто нема ниту во Северна Кореја. Од собраниска говорница, преку медиуми и јавни настапи, тој најавува апсења на „поранешни функционери“ и им наредува на институциите што треба да се случува. Ова не е владеење на правото. Ова е политички прогон, се вели во реакцијата на СДСМ на денешното интервју за премиерот Мицкоски за ТВ Телма,

Мицкоски нема ниту еден позитивен резултат по две години на власт.

Економијата е во колапс, инвестициите се намалени за 60%, младите заминуваат, а европскиот пат е блокиран.

Наместо да одговара за сопствените неуспеси, тој ги злоупотребува институциите како политичко оружје против опозицијата.

Кога нема што да покаже, тогаш се бркаат „поранешни“.

Кога нема реформи, тогаш се најавуваат апсења. Кога нема европска перспектива, тогаш се прави театар за внатрешна употреба.

Мицкоски јавно му дели наредби на Обвинителството од собраниска говорница, преку медиуми и телефонски повици.

Тој одлучува кој е виновен, а кој не. Тој е и обвинител, и судија, и извршител. Ова не е правна држава – ова е лична власт.

Вистинската причина за оваа хајка е едноставна: Мицкоски нема резултати. Затоа мора да создава непријатели и да го одржува наративот на „борба против минатото“, додека сегашноста ја турка во неизвесност.

Во нормална европска држава, токму луѓе како Мицкоски би морале да одговараат за системската корупција, за клиентелизмот, за злоупотреба на институциите и за служењето на странски интереси.

Но, за да се стигне таму, прво треба да се воспостави вистинска независна правна држава а не оваа изведба во која еден човек одлучува кој ќе оди во затвор.

Мицкоски не ја брани правдата. Тој ја злоупотребува  за да се спаси од сопствената политичка пропаст и од одговорност.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ



Поврзани содржини

Премиерот Мицкоски го соопшти предлог составот на неговиот нов Владин кабинет

30 јуни 2026

Кризен штаб на Бутел на терен: Во тек е справување со последиците од невремето

30 јуни 2026

Марија Митева е нова претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов веќе не е лидер на младите сили

30 јуни 2026
НАЈНОВО

Премиерот Мицкоски го соопшти предлог составот на неговиот нов Владин кабинет

30 јуни 2026

Трамп: Ако продавачите на гориво не ги намалат цените веднаш, ќе има големи проблеми

30 јуни 2026

Кризен штаб на Бутел на терен: Во тек е справување со последиците од невремето

30 јуни 2026

Топлотниот бран е само „генерална проба“ за летата што претстојат, вели директорот на СЗО за Европа

30 јуни 2026

Марија Митева е нова претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов веќе не е лидер на младите сили

30 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.