Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мерц шокиран од шесткратното убиство во центарот за помош на млади во германскиот град Штаде

1 јули 2026

Функцијата ја прифаќа со скромност, свесен за одговорноста што ја носи. Клековски му благодари на Мицковски што го направил министер

30 јуни 2026

Премиерот Мицкоски го соопшти предлог составот на неговиот нов Владин кабинет

30 јуни 2026

Трамп: Ако продавачите на гориво не ги намалат цените веднаш, ќе има големи проблеми

30 јуни 2026

Кризен штаб на Бутел на терен: Во тек е справување со последиците од невремето

30 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Премиерот Мицкоски го соопшти предлог составот на неговиот нов Владин кабинет

Press OnlineBy Press Online30 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва по седницата на Извршниот комитет на партијата го соопшти предлог составот на неговиот нов Владин кабинет по разговорите со коалициските партнери „Вреди“ и ЗНАМ за владина реконструкција.

Мицкоски соопшти дека нов министер за здравство ќе биде Сашо Клековски, досегашен директор на Фондот за здравствено осигурување, а на негово место ќе дојде Златко Перински, досегашниот министер за локална самоуправа. Предлог за нов министер за социјална политика, демографија и млади е Ѓоко Велковски досегашниот заемник-министер. Ова се два нови ресори со кои во иднина ќе раководат кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Нов министер за локална самоуправа ќе биде Иван Стоиљковиќ. Министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на стратегијата за инклузија на Ромите ќе биде Ерџан Демир. Нема да има вицепремиер за добро владеење и тој ресор ќе биде под ингеренции на Кабинетот на премиерот.

Министерка за образование и наука останува Весна Јаневска, за внатрешни работи Панче Тошковски, за одбрана Владо Мисајловски, за спорт Борко Ристовски, заменик претседател на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заменик претседател на Владата за политички систем Љупчо Димовски, министер за надворешни работи Тимчо Муцунски, министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочовска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска,  министер за дигитална трансформација останува Стефан Андоновски.

Владиното мнозинство ќе се зголеми за еден пратеник од Демократската партија на Турците, која ќе стане дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за што е постигната согласност. Партијата ќе добие министер без портфолио.

ЗНАМ попладнево објави дека тие го преземаат министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и дека нивен предлог за министер е досегашниот државен секретар во Министерството Борче Серафимовски. Горан Минчев останува да го раководи Министерството за јавна администрација.

„Вреди“ ги презема министерствата за правда, за култура и туризам, и за односи меѓу заедниците, а остаануваат и секторите животна средина, европски прашања и економија и труд.



Поврзани содржини

Функцијата ја прифаќа со скромност, свесен за одговорноста што ја носи. Клековски му благодари на Мицковски што го направил министер

30 јуни 2026

Кризен штаб на Бутел на терен: Во тек е справување со последиците од невремето

30 јуни 2026

Марија Митева е нова претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов веќе не е лидер на младите сили

30 јуни 2026
НАЈНОВО

Мерц шокиран од шесткратното убиство во центарот за помош на млади во германскиот град Штаде

1 јули 2026

Функцијата ја прифаќа со скромност, свесен за одговорноста што ја носи. Клековски му благодари на Мицковски што го направил министер

30 јуни 2026

Премиерот Мицкоски го соопшти предлог составот на неговиот нов Владин кабинет

30 јуни 2026

Трамп: Ако продавачите на гориво не ги намалат цените веднаш, ќе има големи проблеми

30 јуни 2026

Кризен штаб на Бутел на терен: Во тек е справување со последиците од невремето

30 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.