Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

1 јули 2026

За да напише 6-ка, доцентката побарала 300 евра – му кажала на студентот каде да ги остави парите

1 јули 2026

ЈОРМ: Побарани мерки на претпазливост за доцентка од УГД осомничена за примање поткуп

1 јули 2026

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен и се справуваат со последиците од невремето

1 јули 2026

Раскол во Католичката црква. Папата ги моли ултра конзервативците да се вратат назад

1 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Судење за „Пулс“: Презентирани докази за работата на Државниот пазарен инспекторат, одбиено барањето за изземање на обвинителката Сарамандова

Press OnlineBy Press Online1 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Барањето за изземање на обвинителката Наташа Сарамандова, се одбива како неосновано, информираше Судот на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“, на кое обвинителството продолжи со презентација на материјални докази кои се однесуваат на работата на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).



Обвинителството, доказите продолжи да ги презентира само со читање на насловите како што се во листата на докази, како записници од претрес и потврда за привремено одземени предмети од МВР, дописи, известувања и записници од СВР Штип, известувања од Државен пазарен инспекторат, како и предмети од ДПИ за Класик ДМ и ММММ Кафе, налози за вршење инспекциски надзор и записници од извршени инспекциски надзори од ДПИ.

 

Јавната обвинителка Наташа Сарамандова, пред изведување на доказите, напомена дека ова не е едноставен кривично-правен настан и има бројни докази кои веќе се при крајот на нивното изведување, а најмногу се однесуваат во однос на околностите зошто во овој настан, последицата е починати 63 лица и тешки телесни повреди кај повеќе од 200 лица, од кои повеќето се млади и деца.

 

Сепак, како што појасни обвинителката, бидејќи дале согласност за презентирање на доказите од областа на Министерството за економија со читање, како што се наведени во листата на докази, а доказите од областа на Државниот пазарен инспекторат се поврзани со овие докази, ќе продолжат со изведување на ист начин како што беа изведени и доказите од областа за Министерството за економија. Меѓутоа, нагласи Сарамандова, таквата согласност не е дадена и за презентација на електронските докази кои следат по изведување на овие докази.

 

-Доколку беше дозволено да се презентира согласно одредбата од член 392 од Законот за кривична постапка, уште во оваа фаза од страна на обвинителството ќе одговоревме на многу прашања поставени од одбраната во забелешките и приговорите, а во однос на лицата кои се опфатени со обвинението, нивната евентуална вина и нивниот особен придонес. Но, сега останува истото да биде сторено во завршен збор – изјави Сарамандова.

 

Денешното рочиште започна со задоцнување од два часа поради, како што информираше Судот, проблеми со наредбите за спровод на дел од обвинетите.

Судот, исто така, на почетокот на денешното рочиште информираше дека добил известување дека се одбива како неосновано барањето за изземање на Наташа Сарамандова.

Одбраната на минатото рочиште поднесе барање за изземање на обвинителката Наташа Сарамандова, поради, како што наведе “пристрасно постапување при презентација на доказите со исклучување на елементи од доказите кои се од суштинско значење”, по што, родителите на децата што ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани во знак на револт доброволно ја напуштија судницата во КПУ Идризово.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.



Поврзани содржини

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

1 јули 2026

За да напише 6-ка, доцентката побарала 300 евра – му кажала на студентот каде да ги остави парите

1 јули 2026

ЈОРМ: Побарани мерки на претпазливост за доцентка од УГД осомничена за примање поткуп

1 јули 2026
НАЈНОВО

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

1 јули 2026

За да напише 6-ка, доцентката побарала 300 евра – му кажала на студентот каде да ги остави парите

1 јули 2026

ЈОРМ: Побарани мерки на претпазливост за доцентка од УГД осомничена за примање поткуп

1 јули 2026

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен и се справуваат со последиците од невремето

1 јули 2026

Раскол во Католичката црква. Папата ги моли ултра конзервативците да се вратат назад

1 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.