Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

1 јули 2026

За да напише 6-ка, доцентката побарала 300 евра – му кажала на студентот каде да ги остави парите

1 јули 2026

ЈОРМ: Побарани мерки на претпазливост за доцентка од УГД осомничена за примање поткуп

1 јули 2026

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен и се справуваат со последиците од невремето

1 јули 2026

Раскол во Католичката црква. Папата ги моли ултра конзервативците да се вратат назад

1 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

За да напише 6-ка, доцентката побарала 300 евра – му кажала на студентот каде да ги остави парите

Press OnlineBy Press Online1 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишна жителка на Кочани осомничена за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

 

Осомничената како лице кое врши работи од јавен интерес, односно доцент на Универзитетот „Гоце Делчев’’ во Штип, директно за себе побарала корист – парични средства за да изврши дејствие што не би смеела да го изврши.

На 16 јуни, откако студент не покажал доволно знаење за да го положи испитот кај неа, таа не му впишала оценка во индексот и во електронскиот систем дека не положил туку директно побарала пари во износ од 300 евра, за да му напише шестка со која тој би го положил наведениот испит.

 

На 29 јуни во нејзината канцеларија, ги примила парите од студентот, така што му дала инструкции да ги остави на помошната маса, помеѓу скрипта и еден лист бела хартија, а во индексот му запишала преодна оценка.

 

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување неколку мерки на претпазливост – забрана на напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска на осомничената да се јавува во судот, привремено одземање патна исправа, забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со студентот, како и забрана за вршење на работни активности на факултетот – соопштија попладнево од Обвинителство.



Поврзани содржини

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

1 јули 2026

ЈОРМ: Побарани мерки на претпазливост за доцентка од УГД осомничена за примање поткуп

1 јули 2026

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен и се справуваат со последиците од невремето

1 јули 2026
НАЈНОВО

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

1 јули 2026

За да напише 6-ка, доцентката побарала 300 евра – му кажала на студентот каде да ги остави парите

1 јули 2026

ЈОРМ: Побарани мерки на претпазливост за доцентка од УГД осомничена за примање поткуп

1 јули 2026

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен и се справуваат со последиците од невремето

1 јули 2026

Раскол во Католичката црква. Папата ги моли ултра конзервативците да се вратат назад

1 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.