Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мицкоски бара внимание

1 јули 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

1 јули 2026

Тесна победа на Кеико Фуџимори на претседателските избори во Перу

1 јули 2026

Димитриевски: ЗНАМ со владината реконструкција го добива Министерството за земјоделство, ќе го раководи Борче Серафимовски

1 јули 2026

ЦУК: До 18:00 часот 13 пожари на отворен простор од кои два се активни 11 изгаснати

1 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

Press OnlineBy Press Online1 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пишува: ЈАНИ МАКРАДУЛИ

Додека Европа веќе ги брои чекорите, да бидам искрен и милијардите евра на Црна Гора за членство, Македонија сè уште брои изгубени години, пропуштени можности и неисполнети ветувања.

Дополнително нѐ тераат на маратон, ама во место.

И најпоразителното не е тоа што другите напредуваат, туку што ние стагнираме. Наместо резултати, добиваме оправдувања. Наместо визија, добиваме дневна, исклучиво ПР политика.

Немањето визија и знаење резултира со неуспешна политика, која завршува со трагикомична реконструкција, празен буџет, Изборен законик со недемократска нишка, нарушени меѓуетнички односи, базени за дискриминација, институции што ја губат сопствената тежина и изгубени можности за идните генерации.

Но, одговорот на ова не смее да биде разочарување, ниту повлекување.

Да, патот пред нас нема да биде лесен.

Да, ќе има неправди, потценувања, обесхрабрувања, нелогични притвори и селективна правда. Ќе има и нечовечки разместувања од работните места.

Но, СДСМ ниту знае, ниту смее да се предаде.

На непринципиелноста на власта мора да се одговори со принципи.

На поделбите со единство.

На ароганцијата со одговорност.

На безидејноста, со решенија.

На злоупотребите на демократијата, со решителна собраниска борба.

На затворените дебати, со отворени, до исцрпување разговори.

Тоа е патот што му доликува на СДСМ.

Пат на обединување, а не на конфронтација.

Пат на одговорност, а не на популизам.

Пат на принципи, а не на калкулации.

Пат на јасни ставови, а не на политички намигнувања.

Пат на посветена секојдневна теренска борба, а не мисли на идни функции.

Пат на искреност што се препознава.

Пат на доверба што се чувствува.

Пат каде дадениот збор вреди.

Пат со став, а не со ChatGPT.

Да, добрата програма покажува каде сакаш да стигнеш. Но очите покажуваат зошто граѓаните треба да ти веруваат дека таму и ќе стигнеш.

По тој пат, секоја борба за СДСМ вреди.

Затоа, потребна е сплотена, искрена и храбра борба за вредностите во кои веруваме.

Јас сѐ уште верувам во политика каде се промовираат човечките доблести: чесноста, интегритетот, емпатијата, чувството за должност и чест.

Тие не се само лични доблести, туку вредности што мора да имаат значење во нашиот јавен живот, исто како што имаат и во нашиот приватен.

Тоа се вредностите кои му се потребни на нашиот политички амбиент.

Мора да има политички контекст каде зборовите: “за прв пат”, “никогаш досега”, “претходните правеа вака или онака” – ќе бидат забранети.

Никој нема да нѐ оправда утре за молкот и постапките денес…

Поврзани содржини

Мицкоски бара внимание

1 јули 2026

Димитриевски: ЗНАМ со владината реконструкција го добива Министерството за земјоделство, ќе го раководи Борче Серафимовски

1 јули 2026

ЦУК: До 18:00 часот 13 пожари на отворен простор од кои два се активни 11 изгаснати

1 јули 2026
НАЈНОВО

Мицкоски бара внимание

1 јули 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

1 јули 2026

Тесна победа на Кеико Фуџимори на претседателските избори во Перу

1 јули 2026

Димитриевски: ЗНАМ со владината реконструкција го добива Министерството за земјоделство, ќе го раководи Борче Серафимовски

1 јули 2026

ЦУК: До 18:00 часот 13 пожари на отворен простор од кои два се активни 11 изгаснати

1 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.