Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Органите на СДСМ следната недела ќе дискутираат за учеството на Славјанка Петровска во новата демократска платформа

3 јули 2026

Путин ги чека Виткоф и Кушнер пак во Москва, но Белата куќа веќе не ги праќа

3 јули 2026

Несреќа на патот Штип-Пробиштип: Бегајќи од огнените јазици, автомобил предизвика директен судир!

3 јули 2026

Буркина Фасо, Мали и Нигер го напуштаат МКС

3 јули 2026

Апелација му ја одбила жалбата на Јовановски, осуден дека ја навел сопругата да се самоубие со ќерката во раце

3 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Рама не размислува за оставка, немало таква опција

Press OnlineBy Press Online3 јули 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Албанскиот премиер Еди Рама порача дека нема намера да поднесе оставка и покрај протестите против проектот за луксузен ресорт на југот на земјата кои влегоа во вториот месец, оценувајќи дека неговата влада има јасен мандат од граѓаните да го доврши процесот на пристапување на Албанија во Европската Унија.

-Тоа не се две спротивставени позиции — рече Рама, објаснувајќи дека во рамки на парламентарната група ги споделил своите лични размислувања, но дека оставката „не била, не е и нема да биде опција“.

Според него, причината е едноставна: тој и Социјалистичката партија добиле мандат од 868.000 граѓани за да ја исполнат, како што ја нарече, „историската мисија“ – завршување на преговорите за членство на Албанија во Европската Унија.

— Тоа е историска мисија која не може да се напушти на половина пат поради никаква причина. Уште помалку зашто дел од граѓаните избрале да протестираат — изјави Рама.

Истовремено, албанскиот премиер оцени дека протестите се показател за демократската зрелост на земјата и нагласи дека владата има обврска да ги слуша пораките што ги испраќаат демонстрантите.

— Луѓе од сите сфери на животот излегуваат на улица поради свои причини. Наша должност е да ги слушаме и внимателно да ја разбереме секоја порака што ни ја испраќаат — рече тој.

На прашањето дали и самиот би протестирал доколку не беше премиер, особено поради проблеми како здравството, иселувањето на младите и функционирањето на администрацијата, Рама одговори дека тоа би зависело од тоа врз кои информации се темели судот за состојбите во земјата.

— Ако се водев од сите видови манипулации, лаги и нивно засилување, сигурно и јас ќе бев таму. Но фактите и вистинските информации кажуваат поинаква приказна — изјави тој.

Рама призна дека во здравството, образованието и други области постојат сериозни предизвици, но нагласи дека тие не се појавиле со почетокот на протестите и дека владата веќе работи на нивно решавање. Според него, незадоволството од одредени политики не може автоматски да биде причина за барање оставка на владата.

— Не може еден убав ден некој да стане и да каже: „Сакам подобро здравство и затоа оваа влада мора да си замине“. Така не функционира демократијата. Треба да се почекаат следните избори — порача албанскиот премиер.

Инаку вчера протестите против политиката на Рама ескалираа со насилство, при што според Министерството за здравство на Албанија, медицинска помош побарале 16 лица, меѓу кои 14 полицајци и двајца демонстранти. Четворица полицајци биле задржани на лекување, додека останатите повредени биле пуштени по укажаната помош.

Поврзани содржини

Во Грција ќе пристигнат 245 пожарникари од четири земји за да помогнат во справувањето со пожарите

3 јули 2026

Радев стана Орбан, ќе ги блокира санкциите на ЕУ за Русија

3 јули 2026

На антивладините протести во Албанија уапсени 18 демонстранти, повредени 12 полицајци

3 јули 2026
НАЈНОВО

Органите на СДСМ следната недела ќе дискутираат за учеството на Славјанка Петровска во новата демократска платформа

3 јули 2026

Путин ги чека Виткоф и Кушнер пак во Москва, но Белата куќа веќе не ги праќа

3 јули 2026

Несреќа на патот Штип-Пробиштип: Бегајќи од огнените јазици, автомобил предизвика директен судир!

3 јули 2026

Буркина Фасо, Мали и Нигер го напуштаат МКС

3 јули 2026

Апелација му ја одбила жалбата на Јовановски, осуден дека ја навел сопругата да се самоубие со ќерката во раце

3 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.