Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Медведев разговараше со Пезешкијан на церемонијата на погребот на Али Хамнеи

3 јули 2026

ДУИ: Назначувањето на Стоилковиќ во Локална самоуправа е обид за релативизирање и ревидирање на Охридскиот договор

3 јули 2026

Пожарникарите и авионите се борат да го спасат селото Ратавица

3 јули 2026

Туск со резерва кон ветувањето на НАТО за повеќе средства за Украина

3 јули 2026

Предлогот за разрешување и избор на нови членови на Владата пристигна во Собранието, седницата закажана за 13 јули

3 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Туск со резерва кон ветувањето на НАТО за повеќе средства за Украина

Press OnlineBy Press Online3 јули 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Полска ќе се воздржи од планираните ветувања за повеќе милијарди на НАТО за Украина, соопшти денеска полскиот премиер Доналд Туск во Варшава, неколку дена пред самитот на Алијансата во Турција.

Во принцип, Туск ја поддржа помошта за Киев, велејќи дека „на Украина ѝ е потребна финансиска поддршка“.

– Но, Полска мора да ја заштити источната граница на ЕУ – додаде тој. Поради особениот товар со кој се соочува Полска во заштитата на надворешните граници на ЕУ и НАТО кон Белорусија и Русија, Варшава веќе обезбеди изземање од Пактот за азил на ЕУ.

Односите меѓу Украина и Варшава во моментов се затегнати поради прашања поврзани со нивната историја за време на минатите конфликти. Овој јаз се заканува да се прелие и во другите области на соработка, пренесе ДПА.

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски и неговиот украински колега Андриј Сибиха во Варшава разговараа за моменталната состојба на односите. Министерот од Киев не даде изјава за медиумите по средбата, јави полскиот телевизиски канал ТВН.

Извори за ДПА денеска изјавија дека сојузниците во НАТО планираат да ветат воена помош вредна милијарди евра за Украина за време на самитот во Анкара. Амбасадорите на 32-те земји членки на Алијансата ја поддржаа мерката на денешниот состанок во Брисел, дознава ДПА:

Според плановите, сојузниците се обврзуваат да ја поддржат Украина со 70 милијарди евра (80,1 милијарди долари) годишно во период од две години – вкупно 140 милијарди евра – за воена опрема, поддршка и обука.

Финансирањето, сепак, вклучува и заем од ЕУ за поддршка на вооружените сили на Украина во вредност од 60 милијарди евра за 2026 и 2027 година. Со тоа остануваат околу 40 милијарди евра кои сојузниците во НАТО би требало да ги покријат од своите национални буџети на годишно ниво.

Се очекува лидерите на НАТО формално да ја одобрат помошта во Анкара в среда.

Туск изјави дека ја пренел позицијата на владата до полскиот претседател Карол Навроцки, кој ќе ја претставува Полска на состанокот што ќе се одржи на 7 и 8 јули.

Поврзани содржини

Медведев разговараше со Пезешкијан на церемонијата на погребот на Али Хамнеи

3 јули 2026

Путин ги чека Виткоф и Кушнер пак во Москва, но Белата куќа веќе не ги праќа

3 јули 2026

Буркина Фасо, Мали и Нигер го напуштаат МКС

3 јули 2026
НАЈНОВО

Медведев разговараше со Пезешкијан на церемонијата на погребот на Али Хамнеи

3 јули 2026

ДУИ: Назначувањето на Стоилковиќ во Локална самоуправа е обид за релативизирање и ревидирање на Охридскиот договор

3 јули 2026

Пожарникарите и авионите се борат да го спасат селото Ратавица

3 јули 2026

Туск со резерва кон ветувањето на НАТО за повеќе средства за Украина

3 јули 2026

Предлогот за разрешување и избор на нови членови на Владата пристигна во Собранието, седницата закажана за 13 јули

3 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.