Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

АфД држи конгрес во Ерфурт, градот е под опсада на демонстранти

4 јули 2026

Пет земји ја блокираат Србија на нејзиниот пат кон ЕУ

4 јули 2026

Зеленски: Освојувањето на Костјантинивка е блеф

4 јули 2026

Фон дер Лајен призна дека има „технички проблеми“ со новите гранични проверки во ЕУ

4 јули 2026

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на Инфективната клиника: Пациентите се хоспитализирани

4 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

(ВИДЕО) Фрчковски: Мицкоски го унапреди условно осудениот бизнис партнер Димовски во ресор „добро владеење”

Press OnlineBy Press Online4 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Денеска ќе покажеме што значи за Мицкоски „доброто владеење“. Погодувате веднаш, бизнис, тендери, злоупотреби. За ресоротот „добро владеење“ Мицкоски го планирал Димитар Димовски.  А кој е Димитар Димовски? Долгогодишен бизнис-партнер на Мицкоски во хидроцентралите. Прво Мицкоски го постави до себе во Владата како секретар за јавни политики, сега го унпаредува, изјави на денешната прес-конференција Јон Фрковски, член на ИК на СДСМ.

Неговата сопруга, Ефимија Димовска, Мицкоски ја постави во Развојната банка, институција што одлучува за кредитни линии, финансирање и енергетски проекти иако има фирма која е поврзана со енергетика.

Но, освен бизнис партнер на Мицкоски и дел од бизнис мрежата, Димитар Димовски е и условно осуден во случајот „Топлик“ за продажбата на државно земјиште во „Сончев град“ во Сопиште. Бил и меѓу обвинетите и за случајот „Шпански скали“, поврзан со „Скопје 2014“.

Како може лице условно осудено за злоупотреби, бизнис партнер на Мицкоски да биде задолжено за добро владеење, борба против корупцијата, судир на интереси?

Со криминална организирана група на власт можно е.

Во ниту една нормална демократска и европска земја ова не е можно.

Ова е врв на политичкиот цинизам и потврда на се што досега говориме:

Цела влада е ставена во функција на бизнис интересите на Мицкоски и на ВМРО-ОКГ.

Владата е претворена во приватна фирма, партиски ДООЕЛ во која најважни се бизнис партнерите, кумовите и блиските луѓе на Мицкоски.

Ништо друго.

Приватен круг за бизнис зделки и криминални тендери.

Димовски треба да биде разрешен од позицијата во Кабинетот на Мицкоски а не да биде унапреден.

Кога човек условно осуден за злоупотреби и бизнис партнер на Мицкоски се бира за „доброто владеење“, тогаш станува јасно дека под оваа власт корупцијата наградува, додаде Фрковски.

Извор: press24.mk



Поврзани содржини

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на Инфективната клиника: Пациентите се хоспитализирани

4 јули 2026

Зајкова: По 11 дена, случај со седум убоди со нож доби пријава само за „насилство врз дете“

4 јули 2026

Загина 28 годишник од Крива Паланка – со возилото удри во бетонски ѕид

4 јули 2026
НАЈНОВО

АфД држи конгрес во Ерфурт, градот е под опсада на демонстранти

4 јули 2026

Пет земји ја блокираат Србија на нејзиниот пат кон ЕУ

4 јули 2026

Зеленски: Освојувањето на Костјантинивка е блеф

4 јули 2026

Фон дер Лајен призна дека има „технички проблеми“ со новите гранични проверки во ЕУ

4 јули 2026

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на Инфективната клиника: Пациентите се хоспитализирани

4 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.