Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Надземниот премин „Влајко“ даден на корстење на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа

8 јули 2026

Лекот „Фостер“ останува на рецепт, без доплата

8 јули 2026

Трамп: Ја прекинуваме целата трговија со Шпанија

8 јули 2026

Остра резолуција на Европскиот парламент за Србија

8 јули 2026

Бугарска компанија ќе ja штити безбедноста на податоците на владата, пишува „Фактор“

8 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Бугарска компанија ќе ja штити безбедноста на податоците на владата, пишува „Фактор“

Press OnlineBy Press Online8 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 

Службата за општи и заеднички работи на Владата склучила договор вреден околу 157.000 евра за набавка на интегриран систем за сајбер безбедност и заштита на податоци.

Договорот е доделен на Друштвото за професионални и консултантски услуги „Телелинк бизнис сервисис“ од Скопје, , фирма регистрирана во Македонија. Но, податоците од сопственичката структура покажуваат дека нејзин сопственик со 100 проценти удел е групација со ист назив поврзана со Бугарија. Како вистински сопственик е наведен Љубомир Минчев, пишува „Фактор“.

Предмет на тендерот е систем за заштита од сајбер напади, следење на безбедносни настани, анализа на ризици и резервно копирање на податоци.

Сајбер безбедноста е реална потреба за државните институции, особено ако системот треба да штити податоци, мрежи и сервери што ги користат повеќе органи. Но, од достапните документи не се гледаат неколку клучни детали што се неопходни за јавноста да процени дали цената е оправдана.

Во договорот стои дека испораката и имплементацијата треба да се завршат во рок од 90 дена, со обука, документација и гарантен рок од 24 месеци.

Дополнително, податоците од јавните набавки покажуваат дека „Телелинк бизнис сервисис“ од Скопје има континуирана соработка со државни институции. Само во 2026 година, фирмата се појавува кај 18 тендери, што покажува дека не станува збор за изолиран договор. Меѓу поновите договори е набавката со Агенцијата за катастар на недвижности за сајбер безбедносно решение од околу 256.000 евра.

Во податоци се издвојува и најголемиот договор на фирмата, склучен во 2023 година со Министерството за одбрана, за телефонски систем на Министерството и Армијата, вреден околу 1,54 милиони евра.

Финансиското резиме за македонската фирма покажува дека во 2025 година таа прикажала 1.958.000 евра вкупен приход, 1.904.000 евра вкупен расход и 13.000 евра добивка, наведува „Фактор“.

Поврзани содржини

Надземниот премин „Влајко“ даден на корстење на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа

8 јули 2026

Лекот „Фостер“ останува на рецепт, без доплата

8 јули 2026

Без струја делови од Сопиште, Бутел, Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров

8 јули 2026
НАЈНОВО

Надземниот премин „Влајко“ даден на корстење на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа

8 јули 2026

Лекот „Фостер“ останува на рецепт, без доплата

8 јули 2026

Трамп: Ја прекинуваме целата трговија со Шпанија

8 јули 2026

Остра резолуција на Европскиот парламент за Србија

8 јули 2026

Бугарска компанија ќе ja штити безбедноста на податоците на владата, пишува „Фактор“

8 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.