Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Најголемата руска рафинерија престана да работи по нападот на украински дронови

9 јули 2026

Али: Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“

9 јули 2026

На две места во Аеродром и на „Рузвелтова“, казнети граѓани што вечерва исфрлале шут покрај зграда

9 јули 2026

Напад со нож во училиште во Германија, четворица повредени. Уапсен 16-годишник (видео)

9 јули 2026

Астрономски календар

8 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

На две места во Аеродром и на „Рузвелтова“, казнети граѓани што вечерва исфрлале шут покрај зграда

Press OnlineBy Press Online9 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вечерва, на три локации во Скопје – две во Аеродром и една во централното градско подрачје, на улицата „Рузвелтова“, беа затекнати лица при нелегално исфрлање шут и отпад, со што директно се загрозуваат животната средина, здравјето на граѓаните и изгледот на нашиот град.

Сторителите се лоцирани, веднаш евидентирани и добија налог во текот на утрешниот ден да се јават во просториите на Град Скопје, каде ќе им биде изречена соодветна глоба согласно законските прописи.

 

Дополнително, наложено им е уште вечерва да го подигнат отпадот и да го однесат на соодветна депонија, со задолжително приложување кантарска белешка како доказ.

 

Доколку тоа не го сторат, ќе следуваат нови санкции.

 

„Сакам да бидам јасен – нема да дозволам поединци да го грдат лицето на Скопје, да го загадуваат просторот во кој живееме и да ја загрозуваат иднината на нашите деца.

За вакви појави нема оправдување.

За вакво однесување нема толеранција.

За уништување на Скопје – ќе има одговорност.

Апелирам до сите граѓани: да го чуваме Скопје како сопствен дом. Да не дозволиме неодговорноста на поединци да ја поништи работата, трудот и желбата на илјадници скопјани кои сакаат чист, уреден и достоинствен град.

Инспекторите се 24 часа на терен и будно го следат секое нарушување на животната средина.

Скопјани не го заслужуваат ова. Скопје мора да биде чисто“, порачува градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Поврзани содржини

Али: Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“

9 јули 2026

Астрономски календар

8 јули 2026

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локално со пороен дожд и грмежи, температурата до 36 степени

8 јули 2026
НАЈНОВО

Најголемата руска рафинерија престана да работи по нападот на украински дронови

9 јули 2026

Али: Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“

9 јули 2026

На две места во Аеродром и на „Рузвелтова“, казнети граѓани што вечерва исфрлале шут покрај зграда

9 јули 2026

Напад со нож во училиште во Германија, четворица повредени. Уапсен 16-годишник (видео)

9 јули 2026

Астрономски календар

8 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.