Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

„Вино на штикли“ повторно ќе ги обедини виното, гастрономијата и музиката во Скопје

9 јули 2026

Бројот жртви во земјотресите во Венецуела достигна речиси четири илјади

9 јули 2026

На „Ќафасан“ одбиен влез во Албанија за сопатник на двајца пратеници и функционер од Влен

9 јули 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран, пристигна жестока одмазда

9 јули 2026

Без вода и струја повеќе улици во Скопје

9 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

На „Ќафасан“ одбиен влез во Албанија за сопатник на двајца пратеници и функционер од Влен

Press OnlineBy Press Online9 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По едночасовно чекање на граничниот премин „Ќафасан“ на македонско-албанската граница, полициски службеници од Албанија одбиле влез на едно лице во земјата кое патувало заедно со пратениците во македонското Собрание, Беким Ќоку и Аднан Азизи од владејачката партија Влен, но и заменик-генералниот секретар во Владата, Хасим Муртезани, пренесе 360 Степени.

По овој настан, координаторот на Влен, Ќоку во изјава за медиумите рече оти не знае зошто воопшто дошло до ваква ситуација кога сите тројца функционери приложиле дипломатски пасоши. Вели рутински преглед кој би требало да трае пет минути, за нив траел еден час без никакво објаснување, а ситуацијата ја нарече апсурдна и бесмислена.

„Јас, заедно со Аднан Азизи, пратеник, и Хасим Муртезани, заменик-генерален секретар на Владата и неколку други државни функционери имавме работа во Тирана. Кога пристигнавме на „Ќафасан“, тројцата бевме со дипломатски пасоши, она што требаше да биде рутинска контрола која трае само пет минути, за жал албанските гранични службеници нè држеа таму, нè држеа повеќе од еден час без да ни дадат никакво објаснување зошто не можеме да ја преминеме границата, а на едниот од нас кој беше во другиот автомобил му беше забранет и одбиен влез во Албанија. Во моментот кога бевме информирани дека на еден од нашите сонародници му е одбиен влез, решивме да се вратиме, и сè уште не разбираме зошто се случи ова“, рече Ќоку.

Поддршка за пратениците на Влен пристигна од лидерот на пратеничката група на Демократска партија на Албанија, Газмент Барди кој рече оти ниту една институција на Албанија нема право да се однесува на овој начин кон легитимните претставници на Албанците од Македонија. 

Поврзани содржини

„Вино на штикли“ повторно ќе ги обедини виното, гастрономијата и музиката во Скопје

9 јули 2026

Без вода и струја повеќе улици во Скопје

9 јули 2026

Али: Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“

9 јули 2026
НАЈНОВО

„Вино на штикли“ повторно ќе ги обедини виното, гастрономијата и музиката во Скопје

9 јули 2026

Бројот жртви во земјотресите во Венецуела достигна речиси четири илјади

9 јули 2026

На „Ќафасан“ одбиен влез во Албанија за сопатник на двајца пратеници и функционер од Влен

9 јули 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран, пристигна жестока одмазда

9 јули 2026

Без вода и струја повеќе улици во Скопје

9 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.