Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Поранешната британска министерка Ен Видикомб пронајдена мртва – можно е да е убиена

10 јули 2026

Соопштение на компанијата: Кујната на „Рустика вединг хол“ повторно е во функција

10 јули 2026

Европа под притисок заради горивата

10 јули 2026

Повеќе од седум часа утре делови од Скопско без струја

10 јули 2026

Идниот британски премиер повика на поголем притисок врз Израел

10 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Соопштение на компанијата: Кујната на „Рустика вединг хол“ повторно е во функција

Press OnlineBy Press Online10 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 

Конечните инспекциски контроли и лабораториски анализи потврдија дека не се утврдени санитарно-хигиенски или санитарно-технички недостатоци, ниту контаминација во кујната, работните простории и анализираните примероци од храната, соопштува компанијата „Рустика вединг хол“. По добивањето на конечните лабораториски наоди што следеа по случајот со труењето во Прилеп, нивната кујна повторно е во функција.

Од самиот почеток бевме посветени на целосна транспарентност и одговорност кон нашите клиенти, партнери и јавноста, поради што сакаме да ве информираме за исходот од спроведените инспекциски контроли и лабораториски анализи.

Сите досега спроведени инспекциски контроли и лабораториски анализи потврдија дека не се утврдени санитарно-хигиенски или санитарно-технички недостатоци, ниту контаминација во работните простории, кујната и анализираните примероци од храната. Дополнително, лабораториските анализи на примероците од храната не утврдија присуство на бактерии или друга контаминација, што потврдува дека во анализираните примероци не се констатирани отстапувања од пропишаните стандарди за безбедност на храната и важечките законски прописи.

Пред сè, искрено жалиме за непријатностите што ги претрпеа сите засегнати од овој настан. Искрено се надеваме дека сите кои беа погодени од случувањата се чувствуваат добро и дека оваа непријатна ситуација е зад нив.

Од самиот почеток целосно и транспарентно соработувавме со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Центарот за јавно здравје – Прилеп, Институтот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветеринарство, овозможувајќи непречено спроведување на сите инспекциски надзори, лабораториски анализи и дополнителни проверки.

Во согласност со Националниот протокол за постапување при сомневање за труење со храна, веднаш беа преземени сите предвидени мерки, вклучително и привремена забрана за вршење дејност до завршување на инспекциските постапки и добивање на сите лабораториски резултати. Како општествено одговорна компанија, целосно ги почитувавме сите одлуки и препораки на надлежните институции, ставајќи ги заштитата на јавното здравје и транспарентноста на прво место.

Денеска, по исполнувањето на сите услови за продолжување со работа, повторно ги ставаме во функција нашите кујнски капацитети и продолжуваме да обезбедуваме кетеринг услуги со истата посветеност на квалитетот, безбедноста на храната и професионалните стандарди кои со години претставуваат темел на нашето работење.

Како компанија која својата доверба ја гради со години, остануваме доследни на принципите на професионалност, одговорност и високи стандарди за безбедност на храната. Континуирано инвестираме во системи за контрола на квалитетот, обука на персоналот и примена на сите законски и стручни протоколи, со цел на нашите корисници секогаш да им обезбедиме безбедна и квалитетна услуга.

Им благодариме на надлежните институции за професионалниот пристап и темелно спроведените инспекциски контроли и лабораториски анализи, како и на јавноста за трпението додека траеше процесот на утврдување на фактите“, велат од „Рустика вединг хол“ и нагласуваат дека е важно институциите целосно да го расветлат случајот и да го утврдат причинителот и изворот на контаминацијата. 

Поврзани содржини

Повеќе од седум часа утре делови од Скопско без струја

10 јули 2026

Центар за услуги отворен и во Прилеп

10 јули 2026

Ќе се заострат критериумите за увоз на млеко во прав

10 јули 2026
НАЈНОВО

Поранешната британска министерка Ен Видикомб пронајдена мртва – можно е да е убиена

10 јули 2026

Соопштение на компанијата: Кујната на „Рустика вединг хол“ повторно е во функција

10 јули 2026

Европа под притисок заради горивата

10 јули 2026

Повеќе од седум часа утре делови од Скопско без струја

10 јули 2026

Идниот британски премиер повика на поголем притисок врз Израел

10 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.