При пад на мал авион на Бахамски Острови загинаа десет луѓе.
Авионот се урна синоќа во Норт Андрос, западно од главниот град Насау. Сè уште не е објавен идентитетот на жртвите.
Премиерот на Бахами, Филип Брејв Дејвис изјави дека несреќата ја преживеа еден патник, но подоцна соопшти дека му подлегнал на повредите.
– Денешниот празник се претвори во ден на жалост истакна Дејвис.
Бахамски Острови вчера одбележуваа 53 години од независноста.

