Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови

11 јули 2026

Планинарските друштва предупредуваат: Мечка забележана на Водно

11 јули 2026

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе

11 јули 2026

Пожар во Валандовско – можно е да е подметнат

11 јули 2026

Куба повторно нема струја – Независен Весник

11 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Ѓорѓиевски прави финални координации за брзиот автобуски превоз (БРТ), во меѓувреме се кубури со автобуси за ЈСП

Press OnlineBy Press Online11 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Финални координации се прават за реализација на Брзиот автoбуски транспорт (БРТ), најавен и проектиран уште во времето кога градоначалник на Скопје беше Петре Шилегов, па паузираше цел мандат на Данела Арсовска, затоа што советниците од ВМРО-ДПМНЕ не го гласаа, за сега Орце Ѓорѓиевски да најави дека поготвил нов проект, за да не страда средишното зеленило.

 

За таа цел, скопскиот градоначалник  остварил работна средба со тимот на Европската банка за обнова и развој во Македонија (финансиер на проектот), предводен од директорот Фатих Туркменоглу, заедно со Билјана Милошеска и Даница Пишева Исајловска.

 

– Ги направивме финалните координации за следните чекори во реализацијата и оптимализацијата на проектот за Брз автобуски превоз (БРТ). Нашите заложби се Скопје да добие модерен, брз, сигурен и еколошки јавен превоз, создаден според современите европски стандарди и реалните потреби на граѓаните. По преземањето на мандатот, преку интензивна координација со Владата на Република Македонија, Министерството за транспорт, Министерството за финансии, ЕБОР и сите надлежни институции, го деблокиравме проектот што со години беше закочен. Ги отстранивме пречките и создадовме услови БРТ конечно да влезе во фаза на реализација. Ова претставува стратешка инвестиција што ќе донесе побрзо движење низ градот, поголема безбедност, помал сообраќаен метеж, почист воздух и поквалитетно секојдневие за скопјани – пишуав Ѓорѓиевски.

 

Тој потсетува дека БРТ нема да се реализира на сметка на булеварското зеленило. „Напротив, предвидуваме дополнително зеленило и нови зелени површини“.

 

– Со БРТ не само што го модернизираме јавниот превоз, туку создаваме и позелен, почист и похуман град. БРТ е само еден дел од нашата голема визија за целосна модернизација на јавниот транспорт – вели Ѓорѓиевски, иако кога беше најавен, сегашната владејачка партија беше против проектот, а потоа и свесно го кочеше преку негласање за него во Советот.

 

Дополнително, Ѓорѓиевски потсетува дека со Министерството за транспорт работат на воведување градски воз кое е носител на проектот, набавка на нови 100 автобуси преку Владата која е во тек и оптимализација на мрежата на автобуски линии. (Треба да се знае дека досега пропаднаа два тендера за набавка на нови еколошки автобуси. На што се должи оптимизмот на градоначалникот за успешност на третиот, не се знае!)

 

Поврзани содржини

Планинарските друштва предупредуваат: Мечка забележана на Водно

11 јули 2026

Пожар во Валандовско – можно е да е подметнат

11 јули 2026

Aero.rs: Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“

11 јули 2026
НАЈНОВО

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови

11 јули 2026

Планинарските друштва предупредуваат: Мечка забележана на Водно

11 јули 2026

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе

11 јули 2026

Пожар во Валандовско – можно е да е подметнат

11 јули 2026

Куба повторно нема струја – Независен Весник

11 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.