Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Ќе се затворат уште 5-6 институти – се чешлаат пет универзитети

11 јули 2026

Белата куќа одобри нови санкции против Русија

11 јули 2026

Се реновира охридската гимназија – Независен Весник

11 јули 2026

Филипче: Новиот министер за земјоделство да каже дали има бугарски пасош и резервна татковина

11 јули 2026

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови

11 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Се реновира охридската гимназија – Независен Весник

Press OnlineBy Press Online11 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

МОН вложува 5,5 милиони евра во образовната инфраструктура во Охрид Министерството за образование и наука инвестира околу 5,5 милиони евра во унапредување на образовната инфраструктура во Охрид.

Со поддршка на Европската Унија и УНДП, целосно се реконструирани и опремени Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ и кабинетите и работилниците за практична настава во електрoмашинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“, а следна голема инвестиција е темелната обнова на државниот студентски дом „Никола Карев“.

Ова го истакна министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, при денешната посета на гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, каде заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, и градоначалникот Кирил
 Пецаков извршија увид во градежните активности за реконструкција на кровот и замена на столаријата во училиштето. Проектот го реализира општина Охрид и е вреден над 50 милиони денари.

„Честитки до локалната самоуправа за оваа значајна инвестиција, со која конечно ќе се надминат долгогодишните проблеми во гимназијата. Ќе нема повеќе протекување на кровот, студени училници во зима или неподнослива жештина во лето. Учениците и наставниците ќе добијат многу подобри услови за работа и учење“, рече Јаневска.

Информираше дека за темелната реконструкција и опремување на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ се вложени над 120 милиони денари. Дополнително, со 19,5 милиони денари се обновени кабинетите и работилниците за практична настава во електро-машинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“.

Следниот капитален проект, како што информираше Јаневска, е целосната реконструкција на студентскиот дом „Никола Карев“, инвестиција вредна околу 200 милиони денари.

„Студентскиот дом ќе биде целосно обновен, енергетски ефикасен и современо опремен, со услови какви што заслужуваат студентите. Очекувам и ново, одговорно раководство кое успешно ќе управува со установата и нема да создава непотребни долгови“, изјави Јаневска.

Министерката посочи дека вкупниот инвестициски циклус на Министерството за образование и наука во Охрид изнесува околу 340 милиони денари, односно 5,5 милиони евра.

„Вакви инвестиции во образованието во минатото не се реализирале. Продолжуваме со
уште поголема грижа за учениците, студентите, наставниците и сите вработени во образовните установи. Имаме јасна обврска да го модернизираме образовниот систем и посветено работиме на достигнување на европските образовни стандарди“, порача Јаневска.

Поврзани содржини

Ќе се затворат уште 5-6 институти – се чешлаат пет универзитети

11 јули 2026

Филипче: Новиот министер за земјоделство да каже дали има бугарски пасош и резервна татковина

11 јули 2026

Планинарските друштва предупредуваат: Мечка забележана на Водно

11 јули 2026
НАЈНОВО

Ќе се затворат уште 5-6 институти – се чешлаат пет универзитети

11 јули 2026

Белата куќа одобри нови санкции против Русија

11 јули 2026

Се реновира охридската гимназија – Независен Весник

11 јули 2026

Филипче: Новиот министер за земјоделство да каже дали има бугарски пасош и резервна татковина

11 јули 2026

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови

11 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.