Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Топлотниот бран убива низ Европа – има рекорден број на удавени луѓе во Германија

12 јули 2026

Иран ги демантира САД, поминувањето низ Ормуз не е возможно

12 јули 2026

ЦУК: Нема активни пожари на територија на државата

12 јули 2026

Сенаторот Линдзи Греам, клучниот сојузник на Трамп, почина по ненадејна болест

12 јули 2026

Силјановска заигра оро на Галичката свадба

12 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Иран ги демантира САД, поминувањето низ Ормуз не е возможно

Press OnlineBy Press Online12 јули 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Управата за Персискиот Залив, орган што Иран го формираше за време на војната со цел воведување дигитален систем за одобрување транзит, денеска соопшти дека „поради неодамнешните илегални движења на американските воени сили во регионот, транзитот низ Ормуската Теснина во моментов не е возможен“.

„Штом ќе се воспостават стабилност и мир, сите барања ќе бидат разгледани според утврдениот распоред и ќе бидат издадени потребните дозволи“, наведе управата на социјалните мрежи, додавајќи дека единствениот начин да се добие дозвола за транзит е преку нејзината веб-страница.

Централната команда на САД (Центком) претходно денеска соопшти дека Ормуската Теснина во моментов е отворена.

Ормуската Теснина е отворена за сите пловила што настојуваат легално да транзитираат низ овој меѓународен воден пат, соопшти Центком.

Американските сили се позиционирани и подготвени да осигураат дека слободата на навигацијата ќе остане достапна и покрај неоправданата иранска агресија, вознемирување, закани и произволни декларации, нагласи Центком на Х.

„Иран не го контролира протокот. Сообраќајот се одвива непречено“, се додава во објавата.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска изјави дека Ормуската Теснина е отворена за комерцијален поморски сообраќај, и покрај продолжувањето на меѓусебните напади меѓу САД и Иран.

Трамп ова го изјави во интервју за телевизијата Ен-Би-Си.

И Централната команда на САД (Центком) денеска соопшти дека Ормуската Теснина е отворена за сите пловни објекти кои сакаат легално да поминат низ тој меѓународен воден пат. Во соопштението, објавено на Х се наведува дека американските сили се позиционирани и подготвени да осигураат пловидбата низ Ормуската Теснина и понатаму да остане слободна и покрај, како што се вели, „неоправданата иранска агресија, вознемирување, закани и произволни изјави“.

„Иран не го контролира протокот. Сообраќајот се одвива без проблеми“, тврди Центком.

Трамп исто така рече дека САД и Иран постигнале договор вчера, но дека Техеран го прекршил само еден час подоцна кога со дрон нападнал еден брод. Говорејќи за телевизијата Ен-Би-Си, Трамп рече дека Иран се согласил на договор со кој, како што наведе, „се откажал од сè“.

– Имавме состаноци со нив … Вчера се согласија на договор – совршен договор за нас. Без нуклеарна програма, без ова, без она, без ништо. Се откажаа од сè. А потоа ја напуштија просторијата и само еден час подоцна лансираа дрон кон еден брод – рече Трамп.

Тој наведе дека САД потоа „жестоко го бомбардирале“ Иран во текот на претходната ноќ.

– Тоа се многу зли и болни луѓе – рече американскиот претседател.

Поврзани содржини

Топлотниот бран убива низ Европа – има рекорден број на удавени луѓе во Германија

12 јули 2026

Сенаторот Линдзи Греам, клучниот сојузник на Трамп, почина по ненадејна болест

12 јули 2026

Зеленски ќе ја смени премиерката на Украина

12 јули 2026
НАЈНОВО

Топлотниот бран убива низ Европа – има рекорден број на удавени луѓе во Германија

12 јули 2026

Иран ги демантира САД, поминувањето низ Ормуз не е возможно

12 јули 2026

ЦУК: Нема активни пожари на територија на државата

12 јули 2026

Сенаторот Линдзи Греам, клучниот сојузник на Трамп, почина по ненадејна болест

12 јули 2026

Силјановска заигра оро на Галичката свадба

12 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.