„Нема правда“. Вака опозицискиот СДСМ ги оцени пресудите во случајот „Талир 2“ , според кои Никола Груевски е осободен и е одмрзнато седиштетот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Граѓаните гледааат како судството и обвинителството под контрола на Мицкоски го чисти Никола Груевски од одговорност за предметот Талир 2 и го одмрзнува криминалниот имот на ВМРО.
По 8 години белата палата, вредна 14 милиони евра и останатиот партиски имот во вредност од 2 милиони евра се повторно во рацете на ВМРО.
Така изгледа кога криминална организација е на власт, таа се грижи само за себе и да ги спаси своите од одговорност.
Груевски е осуден криминалец кој не ја издржува казната во Идризово. А Мицкоски не бара негова екстрадиција, не ги испраќа документите кои со месеции патуваа од една до друга институциија и никогаш не беа испратени. Намерно.
Сега Груевски – човекот кој избега во Унгарија и понатаму продолжува да ужива, без да се соочи со одговорноста само поради Христијан Мицкоски“, велат од СДСМ.

