Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје

14 јули 2026

Умре срната Бамби што беше осакатена со стапица

14 јули 2026

Повеќемина загинати во пожар на градилиште во Брисел

14 јули 2026

Скандалозна изјава на српска министерка: „Да бев на местото на Милошевиќ етнички ќе го исчистев Косово“

14 јули 2026

Беким Сали на прославата на Макрон за 14 јули

14 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Умре срната Бамби што беше осакатена со стапица

Press OnlineBy Press Online14 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Малата срна Бамби чии нозе настрадаа од стапица поставена илегално околу Битола, ја изгуби борбата. Проектот за спасување на животни ја објави веста, најавувајќи борба со оваа илегалчна практика во македонија каде заради личен профит се убиваат и заштитени животни. 

 

„Пишуваме… бришеме… и така безброј пати…Не постојат зборови што можат да ја опишат оваа болка.  Најмилите очи утрово засекогаш се затворија.Нашата Бамби нè напушти. Овој суров свет беше премногу тежок за едно толку кревко, нежно и невино срце. Се бореше храбро до последниот здив.

 

Деновиве живеевме со надеж. Се надевавме на чудо. Се надевавме дека љубовта ќе биде посилна од болката. Но понекогаш, колку и да се бориш, не можеш да победиш.

Од срце ви благодариме на сите за бескрајната љубов, поддршката, молитвите, пораките и убавите мисли што секојдневно ги испраќавте за Бамби. Посебна и најголема благодарност до прекрасното семејство кое деноноќно ја чуваше, ја хранеше, ја преврзуваше, не ја оставаше сама ниту еден миг и беше покрај неа до нејзиниот последен здив. Вие ѝ подаривте љубов каква што никогаш претходно не почувствувала.

 

Но, Бамби ни остави нешто многу поголемо од болката. Ни остави обврска да не молчиме.

Да се бориме против нелегалните стапици. Да бараме одговорност. Да ги подобриме законите.

Да иницираме создавање центар за згрижување на повредени диви животни. Да ја почитуваме природата и сите суштества што живеат во неа.

 

Бамби ја изгуби својата битка. Но нејзината приказна нема да заврши денес.Напротив.

Од денес започнуваме една многу поголема борба – со конкретни активности, иницијативи и соработка со институциите. Редовно ќе ве информираме за секој чекор и секој што сака да ни се придружи ќе биде добредојден. За Бамби. За сите оние што никогаш не добиле шанса. Да не дозволиме ниту една друга срна да ја доживее нејзината судбина“, стои во објавата.

Поврзани содржини

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје

14 јули 2026

Беким Сали на прославата на Макрон за 14 јули

14 јули 2026

„Добар ден за судството – го ослободи Груевски и го одмрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ“, реагира СДСМ

14 јули 2026
НАЈНОВО

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје

14 јули 2026

Умре срната Бамби што беше осакатена со стапица

14 јули 2026

Повеќемина загинати во пожар на градилиште во Брисел

14 јули 2026

Скандалозна изјава на српска министерка: „Да бев на местото на Милошевиќ етнички ќе го исчистев Косово“

14 јули 2026

Беким Сали на прославата на Макрон за 14 јули

14 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.