Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Агент на американската имиграциска служба застрела маж во Мејн, нови критики кон ИЦЕ

14 јули 2026

Без вода корисниците од дел од улицата „Партениј Зографски“

14 јули 2026

Во Битола започнува шестото издание на „Етно Македонија“, настапуваат млади музичари од целиот свет

14 јули 2026

Дел од Севастопол на Крим без струја по украински напад врз електроенергетската инфраструктура

14 јули 2026

Без струја корисниците на улицата „Тодор Чангов“ во Аеродром

14 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Во Битола започнува шестото издание на „Етно Македонија“, настапуваат млади музичари од целиот свет

Press OnlineBy Press Online14 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Шестото издание на меѓународниот камп за традиционална музика „Етно Македонија“, почнува денеска, во организација на Музичка младина на Македонија, кој и оваа година ќе ја претвори Битола во место на музичка размена, креативност и меѓукултурен дијалог.

Во периодот од 14 до 24 јули, нагласува организаторот, млади музичари од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Холандија, Турција, Белгија, Португалија, Шведска и Шпанија ќе работат заедно, учејќи традиционална музика едни од други по слух, преку препознатливата Ethno методологија.

Годинашни уметнички ментори се Ангел Спироски (Македонија) и Џули Граехн (Данска), која минатата година беше учесник на „Етно Македонија“, а по успешното завршување на меѓународната обука за Ethno уметнички ментори, оваа година се враќа во нова улога – како ментор. Координатор на проектот „Етно Македонија“ 2026 е Верица Ајтовска.

Во текот на кампот, учесниците заеднички ќе создадат концертна програма составена од традиционални мелодии од сите земји учеснички. Иако најголем дел од нив никогаш претходно не се сретнале, за само неколку дена тие ќе подготват заеднички концерт кој ќе биде изведен на 23 јули, во рамките на фестивалот „Илинденски денови“.

Публиката, велат од „Етно Македонија“ ќе има можност да ужива во единствен музички спој на традиции од различни делови на светот, создаден токму во Битола.

Поврзани содржини

Без вода корисниците од дел од улицата „Партениј Зографски“

14 јули 2026

Без струја корисниците на улицата „Тодор Чангов“ во Аеродром

14 јули 2026

Германија финансира набавка на 50 илјади борбени дронови за Украина

13 јули 2026
НАЈНОВО

Агент на американската имиграциска служба застрела маж во Мејн, нови критики кон ИЦЕ

14 јули 2026

Без вода корисниците од дел од улицата „Партениј Зографски“

14 јули 2026

Во Битола започнува шестото издание на „Етно Македонија“, настапуваат млади музичари од целиот свет

14 јули 2026

Дел од Севастопол на Крим без струја по украински напад врз електроенергетската инфраструктура

14 јули 2026

Без струја корисниците на улицата „Тодор Чангов“ во Аеродром

14 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.