Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Беким Сали на прославата на Макрон за 14 јули

14 јули 2026

Среде лето побелеа улиците во Германија: Погледнете ги нереалните сцени

14 јули 2026

„Добар ден за судството – го ослободи Груевски и го одмрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ“, реагира СДСМ

14 јули 2026

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска

14 јули 2026

Туск: Малку е веројатно дека мирот во Украина наскоро ќе биде постигнат

14 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Среде лето побелеа улиците во Германија: Погледнете ги нереалните сцени

Press OnlineBy Press Online14 јули 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Силната бура што го погоди германскиот округ Лудвигслуст-Пархим во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија во понеделникот вечерта остави зад себе сцена што обично се гледа среде зима. Силниот град на неколку места ги побеле улиците целосно, па властите дури мораа да ангажираат снегочилачи за да ги исчистат патиштата.

Најтешко погодени беа Витенбург, Хагенов и Зарентин, каде што бурните ветрови, силниот дожд и градот предизвикаа големи проблеми, објавува германскиот NDR.

Дури 170 повици до противпожарната служба за три часа
Поради невремето, службите за итни случаи мораа да интервенираат неколку пати. Германските пожарникари пумпаа вода од поплавените подруми, отстрануваа паднати дрвја и ги санираа последиците од невремето, а на одредени локации им помагаа и товарачи.

„Патот беше под вода, подрумот беше поплавен, навистина бевме во паника“, изјави за NDR жител на Витенбург.

Една жителка изјави дека измерила дури 40 сантиметри вода во нејзиниот двор, додека мештаните чистеле мраз од патиштата и тротоарите. Според податоците на противпожарната служба, за само три часа биле примени околу 170 повици поврзани со бурата. Поради сериозноста на ситуацијата, градот Витенбург го активирал кризниот центар за цивилна заштита.

Градот оштетил автомобили и болница
Мразот предизвикал штета на бројни автомобили, а последиците од бурата ги почувствувале и некои компании и јавни институции.

Бурата ја погоди фабриката за слатки Троли, додека рендгенски апарат не работел во болницата во Хагенов поради навлегување на вода.

Последиците од бурата беа почувствувани и во локалните медиуми. Денешното издание на весникот „Шверинер Волксцајтунг“ беше одложено поради поплавена печатница.

Поврзани содржини

Туск: Малку е веројатно дека мирот во Украина наскоро ќе биде постигнат

14 јули 2026

Кина тајно се подготвува за заминувањето на Путин и промената на власта

14 јули 2026

Сe плаши дека ќе биде исвиркан или е премногу зафатен? Зошто Трамп не е на трибините на Светското првенство?

14 јули 2026
НАЈНОВО

Беким Сали на прославата на Макрон за 14 јули

14 јули 2026

Среде лето побелеа улиците во Германија: Погледнете ги нереалните сцени

14 јули 2026

„Добар ден за судството – го ослободи Груевски и го одмрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ“, реагира СДСМ

14 јули 2026

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска

14 јули 2026

Туск: Малку е веројатно дека мирот во Украина наскоро ќе биде постигнат

14 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.