Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Трчањето како водич кон подобра верзија од себе

15 јули 2026

Дуа Липа ги поддржа протестите во Албанија против туристичкиот проект на Трамп

15 јули 2026

Трамп во првата година од мандатот направил над 21.000 берзански трансакции

15 јули 2026

Пријавете се на ГИС порталот, брзи дигитални услуги и информации за Општина Центар

15 јули 2026

Радев ја става Бугарија во насловите – со сигнал за пресврт во надворешната политика

15 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Пријавете се на ГИС порталот, брзи дигитални услуги и информации за Општина Центар

Press OnlineBy Press Online15 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува граѓаните да го користат ГИС порталот – современа дигитална платформа што овозможува брз, едноставен и транспарентен пристап до услугите и информациите на Општината. Преку порталот, достапен на https://gis.centar.gov.mk/NexusPublicPortal/PublicPortal/Map граѓаните на едно место можат да ги следат сите актуелни информации, тековни и планирани инфраструктурни проекти, јавни повици, новости и активности на локалната самоуправа.

„Со едноставна регистрација, секој граѓанин добива пристап до широк спектар на дигитални услуги и информации. Нашата цел е преку современи алатки да ја подобриме комуникацијата со граѓаните, да ја зголемиме транспарентноста и да овозможиме полесен пристап до општинските услуги“, истакна Герасимовски.

Преку ГИС порталот, корисниците можат:
• да ги следат сите новости, соопштенија и активности на Општината;
• да се информираат за културната програма, јавните настани и манифестации;
• да добиваат информации за тековните и планираните инфраструктурни зафати;
• да учествуваат во анкети, консултации и граѓански форуми, со што активно придонесуваат во креирањето на општинските политики и приоритети.
Порталот постојано се надградува со нови функционалности и дигитални услуги. Еден од најкористените е модулот за градинки, преку кој родителите имаат персонализиран увид во активностите на своето дете, присуството, известувањата од градинката и други важни информации.

Во рамки на ГИС порталот достапни се и:
• информации за Деталните урбанистички планови со можност за пребарување и електронско поднесување на барање за извод од ДУП;
• 3Д приказ на општината, Digital Twin – дигитален близнак со современа 3Д визуелизација на просторот;
• Зелен катастар, кој овозможува детален увид во зелените површини, парковите и дрворедите;
• информации за јавната инфраструктура, сообраќајната мрежа и останатите просторни податоци од значење за граѓаните.

Со развојот на ГИС порталот, Општина Центар создава  модерна, транспарентна и ефикасна локална самоуправа, достапна за сите граѓани

Поврзани содржини

Трчањето како водич кон подобра верзија од себе

15 јули 2026

Македонија има повеќе болнички кревети на 100 илјади жители од 14 земји во ЕУ

15 јули 2026

Инклузивен натпревар во кошарка во колички кај „Авионче“ во Ново Лисиче

15 јули 2026
НАЈНОВО

Трчањето како водич кон подобра верзија од себе

15 јули 2026

Дуа Липа ги поддржа протестите во Албанија против туристичкиот проект на Трамп

15 јули 2026

Трамп во првата година од мандатот направил над 21.000 берзански трансакции

15 јули 2026

Пријавете се на ГИС порталот, брзи дигитални услуги и информации за Општина Центар

15 јули 2026

Радев ја става Бугарија во насловите – со сигнал за пресврт во надворешната политика

15 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.