Утрово најстудено било во Берово каде се измерени -3 степени.
Следуваат и 0 степени во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Битола, Струмица, Mаврови Анови, Попова Шапка, 1 степен во Штип, 2 Тетово, Охрид, Претор, Прилеп, Kрушево, Велес, Куманово, 3 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 4 Виница, Демир Капија, Гевгелија.
Најмногу снег, дури 67 см има на Попова Шапка.
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб променлив ветер. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

