Опозициската партија Тиса предводена од Петер Маѓар извојувала убедлива победа на изборите во Унгарија. Со овој резултат, завршува 16-годишното владеење на Виктор Орбан.
Виктор Орбан веќе го призна поразот, опишувајќи го изборниот резултат како „болен, но јасен“. Во своето обраќање од изборниот штаб на Фидес во Будимпешта, тој изјави:
„Одговорноста и можноста за владеење не ни беа дадени овојпат. Му ја честитав победата на победникот.“
Фронтлајн обезбеди ексклузивни снимки од славењето на Унгарците низ улиците на Будимпешта:

