Од 18 јуни 2026 година, сите возила што влегуваат во Грција мора да носат нов, построг комплет за прва помош, кој содржи 16 специфични предмети, меѓу кои и специјализирано изотермално спасувачко ќебе и облози за изгореници. Во спротивно следуваат казни.
Според новата регулатива, листата од 16 предмети се:
-Изотермално (термо) спасувачко ќебе: минимални димензии 210 x 160 см.
-Медицински маски: 2 парчиња, тип IIR или FFP2.
-Ракавици за еднократна употреба: 4 парчиња (2 пара), од винил или нитрил.
-Влажни марамчиња: 2 парчиња за чистење кожа.
Специфични завојни материјали: Ролна медицинска лента – 5 м x 2,5 см.; комплет од 14 фластери со различни димензии; стерилни завои со газа (мали, средни и големи); еластични завои (тесни и широки) и триаголна марама; стерилна облога за изгореници (60 x 80 см).
Друго: медицински ножици и прирачник за прва помош.
Во случај на недостиг или нецелосен комплет, предвидена е казна од околу 30 евра.
Сите овие материјали мора задолжително да одговараат на стандардот DIN 13164:2022 или еквивалентен ISO стандард и да бидат во рок на траење, во добра состојба и да ја носат ознаката CE во согласност со Регулативата на ЕУ за медицински помагала. Приборот за медицинска помош мора да биде сместен во возилото на место кое е веднаш достапно, за да може да се користи без одложување во случај на вонредна состојба. Забрането е да се заклучува или да се содржат предмети покрај потребниот завој и фармацевтски материјал.
Покрај ова, во функција се смарт камери на делови од патиштата и во поголемите градови, како Солун и Атина, а воведени се нови ограничувања на брзината од 30 км/ч во многу урбани/станбени области.
Возилото треба да има и стандарден комплет за итни случаи, што важи не само за Грција, туку и за речиси цела ЕУ: Сигнален триаголник; рефлектирачки елек (препорачливо е да имате повеќе од еден рефлектирачки елек во автомобилот); апарати за гаснење пожар (проверете ги роковите на материјалите и апаратот за гаснење пожар); комплет за прва помош (аптека).
Најлесна варијанта е купување готов ЕУ/DIN 13164 комплет и проверка дали содржи термо ќебе (минимум 210×160 см) и маски тип IIR/FFP2.

