Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

МВР: Се спроведува полициска акција, лишени од слобода повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

24 април 2026

Алармантен извештај за Европа: Жештините може да ја донесат маларијата на стариот континент

24 април 2026

Трендафилов до Владата: Поенергични мерки веднаш, утре можеби ќе биде доцна

24 април 2026

Рускоска за „27 април“: Светот ги виде доказите, политичарите треба да дадат оставка ако не ги исполнуваат ветувањата

24 април 2026

Принцот Хари во ненајавена посета на Украина за да го „потсети светот“ на војната

24 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, април 24
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера, ОЈО побара притвор

Press OnlineBy Press Online23 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за криминалистичка полиција при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.С., поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство, пак, вечерва соопшти дека бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и постои оправдан страв дека осомничениот ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.



Како што соопшти МВР, осомничениот, во периодот од ноември – декември 2024 година, како службено лице, претседател на ФФМ, прибавил противправна имотна корист од околу 660 илјади евра за правно лице од Скопје, односно износ што надминува значителна имотна корист.

Сомненијата укажуваат дека делото е извршено така што ФФМ, како членка на УЕФА, во текот на 2024 година добила строго наменски парични средства за ревитализација на спортски терени и инфраскруктура.

-Со финансиската поддршка од УЕФА во рамките на програмата „HatTrick VI”, осомничениот започнал постапка за спроведување на проектот – изградба на трибина на Стадион “Билјанини Извори” во Охрид и дал предлог за отпочнување на постапка за избор на компанија за реализација на проектот. По одобрување од Управниот одбор, осомничениот поднел барање до три фирми за понуди за изградба на трибината на стадионот. Била избрана најповолна понуда за изградба во вкупен износ од околу 3,3 милиони евра без ДДВ, стои во соопштението на МВР.

Оттаму посочуваат дека иако изведувачот тоа не го побарал, ниту во барањата за доставување понуди било наведено како можност, осомничениот спротивно на одлуката на Управниот одбор, вметнал дополнителен услов во склучениот договор со избраната фирма, со кој предвидел авансна уплата во износ од 20 отсто од вкупната вредност на договорот пред започнување на градежните работи и без какво било претходно постапување од изведувачот.

-Притоа не предвидел никакво правно обезбедување за уплатените средства на име аванс, го потпишал таквиот договор и на 17.12.2024 година, паричните средства во износ од околу 660 илјади евра кои му биле доверени во службата, со негов налог до службите за исплата авансно ги префрлил на правното лице, се додава во соопштението на МВР.

Основното јавно обвинителство Скопје, пак, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и постои оправдан страв дека осомничениот ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, наведуваат од ОЈО.



Поврзани содржини

МВР: Се спроведува полициска акција, лишени од слобода повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

24 април 2026

Трендафилов до Владата: Поенергични мерки веднаш, утре можеби ќе биде доцна

24 април 2026

Рускоска за „27 април“: Светот ги виде доказите, политичарите треба да дадат оставка ако не ги исполнуваат ветувањата

24 април 2026
НАЈНОВО

МВР: Се спроведува полициска акција, лишени од слобода повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

24 април 2026

Алармантен извештај за Европа: Жештините може да ја донесат маларијата на стариот континент

24 април 2026

Трендафилов до Владата: Поенергични мерки веднаш, утре можеби ќе биде доцна

24 април 2026

Рускоска за „27 април“: Светот ги виде доказите, политичарите треба да дадат оставка ако не ги исполнуваат ветувањата

24 април 2026

Принцот Хари во ненајавена посета на Украина за да го „потсети светот“ на војната

24 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.