Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Уапсен 29-годишник од Гостиварско за силување малолетничка и објавување експлицитни снимки

25 април 2026

Дурмиши бара извинување од Тирана за навредите кон Албанците во Македонија

25 април 2026

Загинатиот на градилиштето во Кисела Вода е 34-годишник од Крива Паланка

25 април 2026

Скопјанец извршил обљуба на 13 годишно девојче, па ја фотографирал – изречен е притвор

25 април 2026

Масовен руски напад врз Украина. Еден град беше бомбардиран цела ноќ

25 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, април 25
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

„Нема да дозволиме отворање, премиерот нека гарантира со живот дека рудникот нема да загадува“, порачаа од „Чејнџмејкерс“

Press OnlineBy Press Online25 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Владата им дозволи на Американците да истражуваат колку количества антимон останале во рудникот „Крстов дол“ кај селото Луке, Крива Паланка. За 5 милиони долари, тоа ќе го прави австралиска компанија, која ја предводи директор со менаџерско потекло и која влезе во бизнисот со производство на струја заедно со МПЦ.

Инаку, рудникот „Крстов дол“ не работи повеќе од 50 години, но јаловината од поранешната експлоатација и понатаму е извор на загадување. Рудник на антимон имаше и во кумановско Лојане, каде што жителите до ден денес ги трпат последиците од канцерогениот арсен.

Невладината организација за заштита на животната средина „Changemakers4all“ е против отворање рудници што носат ризик по здравјето на луѓето и природата, затоа што искуствата, според нив, покажуваат дека рударството, особено за метали како антимон, неизбежно остава трајни последици врз водите, почвата, воздухот.

–Експлоатацијата на антимон подразбира процеси кои вклучуваат дробење на руда, користење хемикалии и создавање на отпадни јаловишта. Овие процеси носат ризик од: загадување на подземни и површински води, испуштање на токсични честички во воздухот, долгорочно загадување на почвата.

Антимонот е токсичен елемент и неговото ослободување во животната средина може да има сериозни здравствени последици. Во пракса, не постои рудник кој не загадува!, велат оттаму за „Фокус“.

Иако и Владата и инвеститорот велат дека овој проект ќе гарантина чиста животна средина, од невладината организација сметаат дека реалноста е сосема спротивна.

–Не постои „еколошки рудник“ – секоја експлоатација носи загадување на вода, воздух и почва. Доволно е да се погледне примерот со Лојане, каде последиците се чувствуваат и денес. Кога институциите не успеале да спречат или санираат постоечко загадување, а зборуваат дека ќе обезбедат целосна заштита при нов, уште покомплексен проект. Искуствата од Тораница и други рударски региони покажуваат дека последиците се долгорочни, а одлуките често се носат без доволна транспарентност.

Нашиот став е недвосмислен – нема да дозволиме нови рудници. Тоа не е прашање на политика, туку на опстанок. Затоа, никакви гаранции на збор не се доволни кога станува збор за здравјето на луѓето. Природата не е на продажба.  Нема да дозволиме рудници на смртта. Нема да дозволиме отварање на рудник кој и сега, после 50 години неработење загадува, потенцираат од „Changemakers4all“.

Според нив, најголемиот проблем е во тоа што институциите (инспекторатите) немаат капацитет да утврдат загадување или почитување на заштитните мерки на постоечките рудници, ниту пак слобода да изречат „соодветни” казни.

–Премиерот нека гарантира потпишан на хартија со живот, со имот, со сите негови финансии. Премиерот може само да гарантира со зборови, но не и да спроведе и адекватна јавна расправа а камо ли еколошка заштита, велат оттаму и додаваат дека научната правна фела треба да им објасни на сите инволвирани политичари дека за штетните меѓународни договори ќе одговараат кога-тогаш.

Извор: fokus.mk



Поврзани содржини

Уапсен 29-годишник од Гостиварско за силување малолетничка и објавување експлицитни снимки

25 април 2026

Дурмиши бара извинување од Тирана за навредите кон Албанците во Македонија

25 април 2026

Загинатиот на градилиштето во Кисела Вода е 34-годишник од Крива Паланка

25 април 2026
НАЈНОВО

Уапсен 29-годишник од Гостиварско за силување малолетничка и објавување експлицитни снимки

25 април 2026

Дурмиши бара извинување од Тирана за навредите кон Албанците во Македонија

25 април 2026

Загинатиот на градилиштето во Кисела Вода е 34-годишник од Крива Паланка

25 април 2026

Скопјанец извршил обљуба на 13 годишно девојче, па ја фотографирал – изречен е притвор

25 април 2026

Масовен руски напад врз Украина. Еден град беше бомбардиран цела ноќ

25 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.