
Ова според државниот инспекторат за труд е причина за трагедијата што се
случи вчера чиј биланс е еден починат и четворица повредени. Од
Инспекторатот за Канал 5 потврдуваат дека на изведувачот му е забрането да
работи.
” -Од областа на БЗР, утврдено е дека не биле превземени колективни
мерки за заштита односно не било направено подградување на
ивиците на темелната јама или друг начин за заштита од
обрусување на земјиштето што е причина за несреката на работа.
Дадена е усмена забрана за работа на градилиштето, нотирана на
првичниот записник и задолжение да се достави целокупната
документација која се однесува на безбедноста и здравјето при
работа. Забраната ке трае се до отстранување на причините за
несреката односно додека не се обезбедат сите мерки за заштита .-
Државен инспекторат за труд
На местото на трагедијата денес багерите не работеа и нема никој.
” -Ден потоа, тивко е на градилиштето во Кисела вода каде што вчера
животот го загуби еден работник, а неколкумина беа повредени.
Засега нема одговори како дошло до одрон на земјиштето кое ги
потрупало додека работеле во јама за темелите на зградата.
Еден од повредените што се здоби со потешки повреди и е опериран, се уште е
на КАРИЛ, но лекарите од Трауматологија велат дека е задржан поради
неоходноста од опсервација. Останатите тројца ке бидат пуштени на домашно
лекување.
Иако во Македонија нема стандардизиран регистар за повреди и смртни случаи
на работното место, податоците од Инспекторатот, Институтот за јавно здравје,
но и информирањата на медиумите нотираат раст во бројот на жртви. Според
последната анализа од 2024 година имало над 130 несреки, а имало 15
починати.
Извор: kanal5.mk

