Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Запалена машина за метал во Шуто Оризари

4 мај 2026

Мицкоски: Очекуваме дополнително заострување на односите со Бугарија

4 мај 2026

Поплави, бури и снег предизвикаа хаос во Турција, едно лице загина

4 мај 2026

Туризмот донесе 10 милијарди долари во првиот квартал од 2026 година: Турција и натаму е една од најпосетените дестинации

4 мај 2026

Свет без чад до 2040? Алтернативните никотински производи во фокусот на новите истражувања

4 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 4
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Австралија и Јапонија потпишаа договори за економска безбедност, одбрана и снабдување со суровини

Press OnlineBy Press Online4 мај 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Австралија и Јапонија потпишаа договори за економска безбедност, стратешки природни ресурси и одбрана, соопшти австралискиот премиер Ентони Албанезе, кој се сретна со јапонската премиерка Санае Такаичи во главниот град Канбера.

Такаичи е во тридневна посета на Австралија.

Тешкотиите со снабдувањето со нафта, поврзани со блокадата на Ормуската Теснина, имаат „далекусежни последици“ во Азиско-пацифичкиот регион, истакна јапонската премиерка.

По преговорите со Албанезе во австралискиот главен град, таа изјави дека двете земји ќе реагираат со „чувство на итност“ за да гарантираат стабилно снабдување со енергија.

Австралија е главен снабдувач на јаглен и течен природен гас за Јапонија, која пак обезбедува околу седум отсто од потребите на Австралија за дизел гориво.

– Гасот зазема централно место во сите наши разговори, бидејќи е главниот столб на заедничката енергетска безбедност меѓу нашите земји – изјави австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг пред медиумите во Канбера пред средбата Албанезе – Такаичи. „Нашите партнери во извозот секогаш ни даваа до знаење дека од нас очекуваат сигурност“, истакна таа.

Ормуската Теснина, низ која во мирно време поминува една петтина од светската нафта и природен гас, е речиси целосно блокирана од почетокот на нападите на САД и Израел врз Иран на 28 февруари.

Јапонската влада додаде дека се стреми да гарантира стабилно снабдување со стратешки минерали, кои се незаменливи за производство на полупроводници, батерии за електрични возила и вооружени системи.

Австралија редовно ги истакнува своите резерви на критични минерали за да го намали влијанието на Кина врз светското снабдување со ретки земјени елементи.

– Сакаме да се осигураме дека сме отпорни во ера одбележана со многубројни економски и глобални потреси. Стратешките природни суровини се незаменливи за нашата економија – нагласи Вонг.

Австралија и Јапонија ги засилија своите врски во областа на одбраната во последните години, при што минатата година склучија договор вреден 10 милијарди австралиски долари (6,14 милијарди евра), со кој се предвидува Јапонија да испорача воени бродови од типот „стелт“ од класата „Могами“ за австралиската флота.

Поврзани содржини

Поплави, бури и снег предизвикаа хаос во Турција, едно лице загина

4 мај 2026

Крај на рекламите за бургери: Амстердам прв во светот ги забрани

4 мај 2026

Над 300 семејства евакуирани на Филипините поради вулканска пепел

4 мај 2026
НАЈНОВО

Запалена машина за метал во Шуто Оризари

4 мај 2026

Мицкоски: Очекуваме дополнително заострување на односите со Бугарија

4 мај 2026

Поплави, бури и снег предизвикаа хаос во Турција, едно лице загина

4 мај 2026

Туризмот донесе 10 милијарди долари во првиот квартал од 2026 година: Турција и натаму е една од најпосетените дестинации

4 мај 2026

Свет без чад до 2040? Алтернативните никотински производи во фокусот на новите истражувања

4 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.