Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Преговарачите на ЕУ не успеаја да постигнат спогодба за трговскиот договор со САД

7 мај 2026

Централна прослава по повод Денот на полицијата – 7 Мај

7 мај 2026

Без струја делови од Кисела Вода и Студеничани

7 мај 2026

Пиеракакис: Грција во јуни предвремено ќе отплати 6,9 милијарди евра долг

7 мај 2026

Европската Унија има нови правила за возачки дозволи

7 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, мај 7
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Северна Кореја: Не сме обврзани со договорите за неширење нуклеарно оружје

Press OnlineBy Press Online7 мај 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Северна Кореја не е обврзана со ниту еден договор за неширење нуклеарно оружје, се наведува во соопштение објавено од севернокорејската агенција КЦТА.

Ким Сон, постојан претставник на Северна Кореја во Обединетите нации, изјави дека САД и неколку други држави „ја загадуваат атмосферата“ на 11. Конференција за ревизија на Договорот за неширење нуклеарно оружје, што се одржува во седиштето на ОН, отворајќи го прашањето за севернокорејската нуклеарна програма.

Пјонгјанг се повлече од Договорот за неширење нуклеарно оружје во 2003 година и оттогаш изврши шест нуклеарни тестирања, спротивно на повеќекратните резолуции на Советот за безбедност на ОН. Се смета дека земјата располага со десетици нуклеарни боеви глави, потсетува Франс прес.

– За време на 11. Конференција за ревизија на Договорот за неширење нуклеарно оружје, која се одржува во ОН, САД и некои нивни следбеници без никаква основа го доведуваат во прашање сегашниот статус и суверените права на Северна Кореја –  изјави амбасадорот на Пјонгјанг во ОН, Ким Сон. Тој додаде дека статусот на Корејската Народнодемократска Република како нуклеарна држава нема да се промени поради надворешни реторички изјави или еднострани желби.

Ким Сон посочи дека нуклеарниот статус на земјата е впишан во Уставот, кој јасно ги дефинира принципите за употреба на нуклеарното оружје.

Пјонгјанг постојано ја потврдува својата одлука да не се откаже од нуклеарното оружје, оценувајќи ја својата нуклеарна стратегија како „неповратна“ и ветувајќи натамошно јакнење на капацитетите. Северна Кореја ги продлабочи врските со Русија и ѝ пружи поддршка во конфликтот во Украина преку испраќање војници и воена техника, а за возврат добива воено-технолошка помош од Москва.

Деветте држави што поседуваат нуклеарно оружје – Русија, САД, Франција, Велика Британија, Кина, Индија, Пакистан, Израел и Северна Кореја – во јануари 2025 година располагале со вкупно 12.241 нуклеарна бојни глава, според Меѓународниот институт за мировни истражувања во Стокхолм (СИПРИ). Речиси 90 проценти од овие боеви глави им припаѓаат на Русија и на САД, додава Институтот.

Поврзани содржини

Преговарачите на ЕУ не успеаја да постигнат спогодба за трговскиот договор со САД

7 мај 2026

Европската Унија има нови правила за возачки дозволи

7 мај 2026

Ученик уби двајца во училиште во Бразил

7 мај 2026
НАЈНОВО

Преговарачите на ЕУ не успеаја да постигнат спогодба за трговскиот договор со САД

7 мај 2026

Централна прослава по повод Денот на полицијата – 7 Мај

7 мај 2026

Без струја делови од Кисела Вода и Студеничани

7 мај 2026

Пиеракакис: Грција во јуни предвремено ќе отплати 6,9 милијарди евра долг

7 мај 2026

Европската Унија има нови правила за возачки дозволи

7 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.