Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

ДУИ: Нова фирма блиска до ВЛЕН доби тендер од МЕПСО од 236 илјади евра

7 мај 2026

„Кроација ерлајнс“ откажува 900 летови

7 мај 2026

Преговарачите на ЕУ не успеаја да постигнат спогодба за трговскиот договор со САД

7 мај 2026

Централна прослава по повод Денот на полицијата – 7 Мај

7 мај 2026

Без струја делови од Кисела Вода и Студеничани

7 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, мај 7
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Собранието ќе ја одржи 100-та седница

Press OnlineBy Press Online7 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Собранието денеска ќе ја одржи 100-та седница, на чиј дневен ред се вкупно 17 точки.

На денешната седница пратениците ќе дискутираат по Предлог на законот за ратификација на Рамковниот договор за воена соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција, Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција за соработка во областа на образованието, Предлог законот за ратификација на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Европската инвестициска банка во однос на основањето на претставништвото на Европската инвестициска банка во Северна Македонија и Дополнетиот предлог на закон за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија во второ читање.

Во прво читање се Предлог законот за младински додаток, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони, Предлог законот за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Предлог законот за основање на Факултет за медицински науки и здравство во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, сите во прво читање и Предлог одлуката за одобрување на Годишен извештај за работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2025 година.

Пред пратениците е разгледувањето на годишни извештаи на неколку агенции и комисии за 2025 година – Годишниот извештај за работа на Агенцијата за електронски комуникации, Годишниот извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Годишниот извештај за работа на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата, Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права и Годишниот извештај за работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

На дневен ред се и посебните извештаи на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за избор на градоначалници и советници во општините во Република Северна Македонија и на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за повторни избори за градоначалник на Општина Гостивар, градоначалник на општина Врапчиште, градоначалник на општина Маврово и Ростуше и за градоначалник на Центар Жупа – 2026 година.

Извор: nezavisen.mk



Поврзани содржини

ДУИ: Нова фирма блиска до ВЛЕН доби тендер од МЕПСО од 236 илјади евра

7 мај 2026

Централна прослава по повод Денот на полицијата – 7 Мај

7 мај 2026

Без струја делови од Кисела Вода и Студеничани

7 мај 2026
НАЈНОВО

ДУИ: Нова фирма блиска до ВЛЕН доби тендер од МЕПСО од 236 илјади евра

7 мај 2026

„Кроација ерлајнс“ откажува 900 летови

7 мај 2026

Преговарачите на ЕУ не успеаја да постигнат спогодба за трговскиот договор со САД

7 мај 2026

Централна прослава по повод Денот на полицијата – 7 Мај

7 мај 2026

Без струја делови од Кисела Вода и Студеничани

7 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.