
Компанијата “Green Maintenance” формирана само неколку недели пред распишувањето на тендерот на државната МЕПСО, која е без работна историја, без докажан капацитет и без реално присуство на терен, успева да добие договор вреден до 236 илјади евра за чистење на коридорите под далноводите.
Ова го изнесува партијата ДУИ, според која, тоа се сериозни сомнежи за организирана мрежа на партиско фаворизирање и злоупотреба на јавните пари.
-Она што го прави случајот уште поскандалозен е фактот што еден од сопствениците на компанијата, Шабан Шефки, јавно се појавува како активист и поддржувач на ВЛЕН и Изет Меџити, додека договорот го потпишува директорот на МЕПСО, Бурим Латифи прв братучед на Изет Меџити, веќе познат во јавноста по криминалниот договор со компанијата од Бања Лука, со кој државата беше оштетена за 6 милиони евра. МЕПСО веќе е во центарот на јавноста по скандалот со далноводот кон Албанија, каде државата треба да плати милионска штета, реагира ДУИ.
Извор: fokus.mk

