Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Филипче: Одложувањето на промените во МВР е победа на СДСМ против партизацијата на полицијата

7 мај 2026

Апелација го одби барањето за изземање на судијата Спиро Борисов од предметот за демолирањето на Класик кафе

7 мај 2026

Вадефул: Иран не смее да се здобие со нуклеарно оружје

7 мај 2026

,Секој ден очекувам да ми кажат да си одам од работното место“ – вели младиот Арсовски со напишани 46 труда на кој му ја поништија дипломата

7 мај 2026

СДСМ: Левица – уште еден сателит во одбрана на ВМРО-ОКГ

7 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, мај 7
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

СДСМ: На уште неформирана влада во Бугарија, Муцунски вели дека нема услови за уставни измени

Press OnlineBy Press Online7 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


На уште неформирана влада во Бугарија, Христијан Мицкоски најавува влошување на односите, а министерот Тимчо Муцунски изјавува дека нема услови за уставни измени – коментираат од опозицискиот СДСМ откако шефот на македонската дипломатија денеска изјави дека во моментов не постојат услови за впишувањето на Бугарите во Уставот и дека Владата нема да направи никаков чекор во врска со ова прашање.



„Истата таа влада која пред неколку дена најавуваше дека до јуни ќе ги исполни сите осум преостанати точки од Реформската агенда, сега преку Министерството за надворешни работи порачува дека нема услови за уставни измени, што е клучниот услов за напредок во преговорите со ЕУ“,
коментираат од СДСМ.

Опозициската партија го обвини премиерот дека свесно создава конфликт со соседна Бугарија за да има изговор зошто процесот тапка во место. Од СДСМ оценија и дека Мицкоски нема волја за спроведување на реформите.

„Наместо да ги исполнува реформите и да ја отвори вратата кон Европа, тој претпочита да ја чува криминална група ВМРО од контрола, од независно судство и од европски надзор врз тендерите и парите. Има само волја да ја задржи контролата врз државата и да ја заштити криминалната мрежа. Мицкоски единствено што знае е да создава тензии, конфликти и да ја обвинува опозицијата“,
велат од партијата на Венко Филипче.
Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски денеска изјави дека во моментов нема услови за спроведување на уставните измени и дека земјава и Владата не се подготвени на тој чекор.

Муцунски: Не сме подготвени за уставни измени
Пред неколку дена премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува промена во односите помеѓу Македонија и Бугарија. Атмосферата меѓу двете земји, според него, може уште повеќе да се вжешти бидејќи, како што рече, кај нас сè уште постојат политички и општествени структури кои се подготвени да коленичат пред бугарските власти и да бидат мекото ткиво на македонската надворешна политика.



Поврзани содржини

Филипче: Одложувањето на промените во МВР е победа на СДСМ против партизацијата на полицијата

7 мај 2026

Апелација го одби барањето за изземање на судијата Спиро Борисов од предметот за демолирањето на Класик кафе

7 мај 2026

,Секој ден очекувам да ми кажат да си одам од работното место“ – вели младиот Арсовски со напишани 46 труда на кој му ја поништија дипломата

7 мај 2026
НАЈНОВО

Филипче: Одложувањето на промените во МВР е победа на СДСМ против партизацијата на полицијата

7 мај 2026

Апелација го одби барањето за изземање на судијата Спиро Борисов од предметот за демолирањето на Класик кафе

7 мај 2026

Вадефул: Иран не смее да се здобие со нуклеарно оружје

7 мај 2026

,Секој ден очекувам да ми кажат да си одам од работното место“ – вели младиот Арсовски со напишани 46 труда на кој му ја поништија дипломата

7 мај 2026

СДСМ: Левица – уште еден сателит во одбрана на ВМРО-ОКГ

7 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.