Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Виткоф и Кушнер наскоро ќе ги посетат Москва и Киев?

10 мај 2026

СЗО препорача 42 дена карантин за евакуираните од крузерот со хантавирус

10 мај 2026

Затвореник од Идризово фатен со марихуана за време на викенд-отсуство

10 мај 2026

(Фото) ТЕЛМА- Газда чиј камион нелегално фрлаше шут во Лисиче, го прегази на пешачки Јорго Куќа и е осуден во „Синџир“

10 мај 2026

Летонскиот министер за одбрана поднесе оставка откако два украински дрона погодија складиште за нафта

10 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 11
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

(Фото) ТЕЛМА- Газда чиј камион нелегално фрлаше шут во Лисиче, го прегази на пешачки Јорго Куќа и е осуден во „Синџир“

Press OnlineBy Press Online10 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Харис Качапор, газдата на фирмата „ХСА-Констракшн“ чиј камион беше фатен при обид за нелегално истурање на градежен шут на дива депонија во Ново Лисиче, е добро познат на обвинителството и полицијата. На Качапор во моментов му се суди за смртоносното прегазување на поранешниот директор на ОХИС, Јорго Ќука. Тој е обвинет за тешки дела во сообраќајот за кое е предвидена казна од четири до 20 години затвор.

Сообраќајката се случи на 3 ноември на булеварот „Гоце Делчев“, а Качапор тогаш го остави возилото, по што полицијата го уапси неколку часа подоцна. Полицијата го пронајде во болница, пришто Качапор се правдаше дека отишол на лекар и не избегал од местото на несреќата. Откако беше приведен, му беа изречени мерки на претпазливост.

Качапор е претходно осудуван. Се гонеше во предметот „Синџир“ за делата „злосторничко здружување“, „даночно затајување“ и „перење пари“, а организатор на операцијата беше Љупчо Пецов Ѓаволот, тогаш во бегство. Качапор се спогоди со обвинителството и доби условна казна и требаше да врати пари во буџетот.

Фирмата „ХСА-Констракшн“ е од селото Батинци и формирана е во 2014 година. Дејноста ѝ е изградба на други објекти од нискоградба. Во 2025 година, според податоците на Бизнис мрежа, имала добивка од 359.000 евра. На интернет може да се најде дека работат со ископ на земја, собирање на шут, ископ со багер, подготовка на терен за градба, тампонирање.

А токму при обид за фрлање на шут на лице место беа снимени од градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески кој на Фејсбук објави видео. На видеото се слуша како градоначалникот повикува инспекција и полиција, додека возачот на камионот, кој го истовара шутот, му подава телефон за да разговара со некого. Потоа возачот на камионот бега од местото. Случајот претходно бил пријавен во СВР.

„Граѓанин пријавил дека, додека се движел кон Долно Лисиче, после мостот на река Вардар од лева страна, забележал товарно возило со скопски регистарски ознаки со натпис на правно лице, како на јавна површина истура шут и градежни материјали, по што веднаш пријавил во полиција и во Општина Аеродром. Возилото заминало пред пристигнување на полициски службеници. На местото на настанот била присутна и инспекторка за животна средина од општина Аеродром која извршила фотографирање и појаснила дека преку општината ќе преземат мерки за настанот“, информира МВР.

Утре, согласно најавите, „ХСА-Констракшн“ ќе биде повикана во Општина Аеродром за да ѝ биде врачен записник и решение за казна за загрозување на животната средина. Најниската казна е 9.000 евра, а највисоката над 80.000 евра, во зависност за каква фирма станува збор.



Поврзани содржини

Затвореник од Идризово фатен со марихуана за време на викенд-отсуство

10 мај 2026

Скандал со додатоците во градинките: Стеваноски го обвини Јаким Неделков за дискриминација на вработените

10 мај 2026

Од кога се скараа со Лимани, Влен неговото место во Владата ќе го пополни со новиот член Шкодран Алили

10 мај 2026
НАЈНОВО

Виткоф и Кушнер наскоро ќе ги посетат Москва и Киев?

10 мај 2026

СЗО препорача 42 дена карантин за евакуираните од крузерот со хантавирус

10 мај 2026

Затвореник од Идризово фатен со марихуана за време на викенд-отсуство

10 мај 2026

(Фото) ТЕЛМА- Газда чиј камион нелегално фрлаше шут во Лисиче, го прегази на пешачки Јорго Куќа и е осуден во „Синџир“

10 мај 2026

Летонскиот министер за одбрана поднесе оставка откако два украински дрона погодија складиште за нафта

10 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.