Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Лукровски дигнал раце од општината, јавна тајна е дека веќе два пати поднесувал оставка, велат од ГРОМ

11 мај 2026

ЕУ ќе воведува санкции врз израелските доселеници – насилници

11 мај 2026

Позната е имотната состојба на грчките политичари: Мицотакис има 26 недвижнини

11 мај 2026

Ана Дангова Хуг нов предлог за судија во Стразбур

11 мај 2026

Грчкиот митрополит забрани и литургија на бугарски јазик

11 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 11
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Меѓународна конференција „Траумата во литературата“ на Институтот за македонска литература

Press OnlineBy Press Online11 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Меѓународна конференција „Траумата во литературата“ ќе се одржи на 13 и 14 мај 2026 г. во „Јуроп хаус“- Скопје (Europe House – Skopje). Конференцијата е дел од научно-истражувачки проект на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, поддржан од Министерството за образование и наука на РС Македонија.



Траумата денес се смета за водечки концепт и фундаментална карактеристика на културата во целина. Како комплексен психолошки феномен што се проучува низ различни научни дисциплини, траумата сè повеќе добива истражувачки интерес и во полето на книжевните и културолошките студии.

Оваа година, кога Институтот за македонска литература одбележува 45 години постоење, вкупно 28 истражувачи од земјава и странство имаат можност заедно да работат на значаен научно-истражувачки проект „Траумата во литературата“ под раководство на проф. д-р Ана Мартиноска. Истражувањата опфаќаат широк спектар на теми: миграции, егзил, воени конфликти, природни катастрофи, климатски промени, транзициски процеси, насилство, телесни тортури, ментални нарушувања, трансгенерациски трауми, табуа и други.

Конференцијата „Траумата во литературата“ ќе се отвори на 13 мај во 9:30 часот со поздравни обраќања на д-р Наташа Аврамовска, директорка на Институтот за македонска литература, д-р Ана Мартиноска, раководителка на проектот и д-р Весна Јаневска, министерка за образование и наука на РС Македонија.

Научните трудови што ќе бидат презентирани во текот на двата конференциски дена (13 и 14 мај) ќе понудат толкувања на репрезентацијата на личната, колективата и културната траума во различни развојни етапи на македонската книжевност — од средниот век, преку народната литература и XIX век, сѐ до современата книжевна продукција. До крајот на годината се очекува да биде објавен и Зборник на трудови, како финален резултат од научно-истражувачкиот проект „Траумата во литературата“.



Поврзани содржини

Лукровски дигнал раце од општината, јавна тајна е дека веќе два пати поднесувал оставка, велат од ГРОМ

11 мај 2026

Ана Дангова Хуг нов предлог за судија во Стразбур

11 мај 2026

Жалбена расправа за убиствата на Вања и Панче – Палевски тврди дека првостепената пресуда содржи сериозни пропусти

11 мај 2026
НАЈНОВО

Лукровски дигнал раце од општината, јавна тајна е дека веќе два пати поднесувал оставка, велат од ГРОМ

11 мај 2026

ЕУ ќе воведува санкции врз израелските доселеници – насилници

11 мај 2026

Позната е имотната состојба на грчките политичари: Мицотакис има 26 недвижнини

11 мај 2026

Ана Дангова Хуг нов предлог за судија во Стразбур

11 мај 2026

Грчкиот митрополит забрани и литургија на бугарски јазик

11 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.