Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Група малолетници фрлале разни предмети кон угостителски објект во Скопје, сопственикот излегол и истепал едно дете

11 мај 2026

Обвинетиот за нападот врз Трамп на суд рече дека не сакал да го убие американскиот претседател

11 мај 2026

Возач на приватна „63-ка“ не го знаел патот до Мралино, па ги оставил патниците на пола пат и се вратил назад во Скопје

11 мај 2026

Лукровски дигнал раце од општината, јавна тајна е дека веќе два пати поднесувал оставка, велат од ГРОМ

11 мај 2026

ЕУ ќе воведува санкции врз израелските доселеници – насилници

11 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 11
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Жалбена расправа за убиствата на Вања и Панче – Палевски тврди дека првостепената пресуда содржи сериозни пропусти

Press OnlineBy Press Online11 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Според него, судот не дал анализа за дел од материјалните докази поврзани со подготовките за кривичното дело, меѓу кои и лепливата лента со ДНК од обвинетиот Велибор Манев, пронајдена на облеката на жртвата, како и нејзиното привремено и фактичко потекло.



Палевски истакна дека судот правилно го ослободил таткото на Вања Ѓорчевска по одделни точки од обвинението поради недостиг на докази и комуникации, но неоправдано прифатил дека податоците за семејството Ѓорчевски биле добиени од жртвата по грабнувањето.

Според него, ова не е поткрепено со други докази и е во спротивност со исказите на повеќе сведоци.

Преку своите адвокати повторување на постапката побараа и обвинетите Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев.

Вишиот јавен обвинител Дарко Јакимовски истакна дека во првостепената пресуда, особено во точките еден и два од диспозитивот, се содржани сите правно релевантни факти, како и суштинска и сеопфатна анализа на доказите врз основа на кои судот ја утврдил фактичката состојба.

Тој нагласи дека одбраните во жалбената постапка во најголем дел се фокусираат на периферни и несуштински аспекти од настаните, кои не може да ја разнишаат основаноста на заклучоците донесени од првостепениот суд. Според Обвинителството, жалбите претставуваат дистракција и обид за пренасочување на вниманието од клучните докази.

Дополнително, беше даден осврт и на наводите во врска со лепливата трака на Вања Ѓорчевска. Иако одбраната се обиде да го релативизира овој наод, Обвинителството потсети дека во пресудата конкретно и прецизно е опишано тоа дејство и дека тоа е вреднувано во контекст на целокупниот доказен материјал.

Oбвинителот нагласи дека целокупната хронологија и логиката на настаните покажуваат дека Вања Ѓорчевскa била перципирана како опасност за обвинетите. Чувањето на жртвата во живот би наметнало дополнителни ризици, можност за откривање, пријавување во полиција и оставање траги, што, според обвинителството, претставувало мотив за ликвидација.

Јавниот обвинител оцени дека признанијата дадени од обвинетите се доброволни, меѓусебно усогласени и поткрепени со материјални докази, при што е исклучена можноста за меѓусебна синхронизација или измислување на настаните. Патеката на движење, местата на извршување и дејствијата на обвинетите, како што рече, прецизно се вклопуваат со она што самите го изнеле во своите искази.

Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни 2025 година ги осуди Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев на доживотен затвор за кривичните дела грабнување и свирепо убиство на двете жртви, а Александар Ѓорчевски беше ослободен од обвинението поради недостиг на докази.

Поврзани содржини

Група малолетници фрлале разни предмети кон угостителски објект во Скопје, сопственикот излегол и истепал едно дете

11 мај 2026

Возач на приватна „63-ка“ не го знаел патот до Мралино, па ги оставил патниците на пола пат и се вратил назад во Скопје

11 мај 2026

Лукровски дигнал раце од општината, јавна тајна е дека веќе два пати поднесувал оставка, велат од ГРОМ

11 мај 2026
НАЈНОВО

Група малолетници фрлале разни предмети кон угостителски објект во Скопје, сопственикот излегол и истепал едно дете

11 мај 2026

Обвинетиот за нападот врз Трамп на суд рече дека не сакал да го убие американскиот претседател

11 мај 2026

Возач на приватна „63-ка“ не го знаел патот до Мралино, па ги оставил патниците на пола пат и се вратил назад во Скопје

11 мај 2026

Лукровски дигнал раце од општината, јавна тајна е дека веќе два пати поднесувал оставка, велат од ГРОМ

11 мај 2026

ЕУ ќе воведува санкции врз израелските доселеници – насилници

11 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.