Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

БГНЕС: Новата министерка за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова, е креатор на „Францускиот предлог“

12 мај 2026

Секој петти негувател во Германија е странец: Најмногу Сиријци

12 мај 2026

Касами: Настапот на Курти не е патернализам, а Рама треба да се грижи за сите – не само за Ахмети и ДУИ

12 мај 2026

Филипче до Муцунски: Имало или немало средба, пораката на бугарската министерка е јасна

11 мај 2026

Ќе поскапат ли лековите поради новите правила на ЕУ?

11 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 12
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Биљали за Локално : Не гледам понуда од ВЛЕН за подобар живот, туку гнев и инает да се победи ривалот

Press OnlineBy Press Online11 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Не гледам ништо ново, ниту понуда која ќе го подбри животот на граѓаните, вака аналитичарот Мерсел Биљали ја коментира пораката на ВЛЕН дека со обединувањето на петте партии во една завршува старата политика и почнува епоха каде Албанците и реално ќе имаат еднакви права.

-Ништо ново, тоа се програми видени веќе триесет, четириесет години. Перманентно се разговара за еден гнев, колективвен гнев против политичкиот ривал. Не гледам понуда, како што не гледавме и порано посериозна понуда како до економски развој, како да се подигне економскиот развој, земјоделието, сточарството, руралниот туризам, индустријата колку што можеме, изјави за „Локално“ Биљали.

Тој смета дека политичките партии место да се насочат кон еконмски развој и се она што е важно за подобрување на животот во општеството, се занимаваат со тоа што си тераат инает.

-Место да се насочиме кон тоа да порасне економскиот стандард оти луѓето ни бегаат, тие се покажуваат кој е виновен и зошто ова или она се прави и се покажува дека политичката партија постои поради инает на некој друг. Дел од инаетот е состав на повеќе политички субјекти во државата и тоа е лошо. Не видов дека има конкретна понуда, освен гневот и револтот да се победи ривалот. Луѓето не ги интересира кој ќе победи, кој ќе загуби. Нив ги интересира како до подобро и пофункционално општество. Ако ова не го направиме тоа е чиста игра за нивни профити, и тоа црни профити, изјави Биљали.

За присуството на косовскиот премиер Албин Курти на основачкиот конгрес на ВЛЕН, Биљали смета дека ако со тоа сакаат да пратат некаква порака тоа е лошо, бидејќи е контроверезен политичар.

-Тој не е премиер на друга држава оти се распишани изборите, тој веќе не е ништо. Но, како фигура тој е котроверзен до небо. Има милион проблеми што треба да ги решава во Косово, и што бара во соседството. Ако доаѓа протоколарно има право секаде и каде сака, но ако доаѓа да прати порака или некаква слика, само по себе е лошо. Кога доаѓа да поддржува опции јавно, а тоа кога го прави јавно е вулгарно, исто е лошо, изјави Биљали.

Поврзани содржини

БГНЕС: Новата министерка за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова, е креатор на „Францускиот предлог“

12 мај 2026

Касами: Настапот на Курти не е патернализам, а Рама треба да се грижи за сите – не само за Ахмети и ДУИ

12 мај 2026

Филипче до Муцунски: Имало или немало средба, пораката на бугарската министерка е јасна

11 мај 2026
НАЈНОВО

БГНЕС: Новата министерка за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова, е креатор на „Францускиот предлог“

12 мај 2026

Секој петти негувател во Германија е странец: Најмногу Сиријци

12 мај 2026

Касами: Настапот на Курти не е патернализам, а Рама треба да се грижи за сите – не само за Ахмети и ДУИ

12 мај 2026

Филипче до Муцунски: Имало или немало средба, пораката на бугарската министерка е јасна

11 мај 2026

Ќе поскапат ли лековите поради новите правила на ЕУ?

11 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.