Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Има ли Спасовски амбиции за иден лидер на СДСМ?

19 мај 2026

Кривична пријава за косовски државјанин, управувал возило со 203 километри на автопат кај Гевгелија

19 мај 2026

Џеј Ди Венс: Направивме напредок во преговорите со Иран, никој не сака војна

19 мај 2026

Кристијан Алексиќ признал сè и не покажува каење – сакал да убие друго момче

19 мај 2026

СДСМ: Професорката Гордана Сиљановска-Давкова падна на испит во Словенија

19 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 19
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Доцни повратот на ДДВ и државната помош, дел од странските компании си ги чекаат парите

Press OnlineBy Press Online19 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Државата доцни и со повратот на ДДВ, но и со исплатата на државната помош. На дел од странските компании, Владата треба да им врати десетици милиони евра. Кај некои износот за поврат на ДДВ, кои треба да го добијат, достигнува и до 12 милиони евра. Дел од инвеститорите се уште ја чекаат и државната помош за минатата година. Ова се само некои од предизвиците со кои се соочуваат, а кои ги посочија од германската комора и за кои се надеваат на брзо решение.



Информациите се различни, имаме исплата на повратот на ДДВ но во различни транши, на различни компании за различни периоди се врши исплатата, а за различни периоди не. Така да не може да се даде еден општ одговор кои што ќе одговара на сите, изјави за Телма генералната директорка на АХК Северна Македонија Антје Ванделт

Сметаат и дека треба да има измени во критериумите за доделување на државна помош, односно да се прилагоди на потребите на пазарот и стопанството.

Нешто друго на што би сакала да посочам е државната помош. Досега се доделуваше државна помош според бројот на новоотворени работни места. Но со оглед на тоа што кои промени се случуваат во индустријата и економијата со воведување на нови работни процеси би апелирала дека овој критериум треба да се промени, за да се прилагоди кон денешните побарувања од стопанството, додава Ванделт

На крајот на мината година се отвори проблемот за доцнењето на државната помош за странските компании. Тогаш дел од претставниците на странските инвеститори во земјава за Телма соопштија дека по прв пат се случува да не ја добијат на време и дека тоа не е добро за државата, а локалните избори им биле посочени како причина поради која се случува да доцни. Избори беа пред околу шест месеци, но и покрај тоа што е помината толку време, дел од инвеститорите кои работата тука се уште ја немаат добиено.



Поврзани содржини

Има ли Спасовски амбиции за иден лидер на СДСМ?

19 мај 2026

Кривична пријава за косовски државјанин, управувал возило со 203 километри на автопат кај Гевгелија

19 мај 2026

СДСМ: Професорката Гордана Сиљановска-Давкова падна на испит во Словенија

19 мај 2026
НАЈНОВО

Има ли Спасовски амбиции за иден лидер на СДСМ?

19 мај 2026

Кривична пријава за косовски државјанин, управувал возило со 203 километри на автопат кај Гевгелија

19 мај 2026

Џеј Ди Венс: Направивме напредок во преговорите со Иран, никој не сака војна

19 мај 2026

Кристијан Алексиќ признал сè и не покажува каење – сакал да убие друго момче

19 мај 2026

СДСМ: Професорката Гордана Сиљановска-Давкова падна на испит во Словенија

19 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.