Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Кривична пријава за косовски државјанин, управувал возило со 203 километри на автопат кај Гевгелија

19 мај 2026

Џеј Ди Венс: Направивме напредок во преговорите со Иран, никој не сака војна

19 мај 2026

Кристијан Алексиќ признал сè и не покажува каење – сакал да убие друго момче

19 мај 2026

СДСМ: Професорката Гордана Сиљановска-Давкова падна на испит во Словенија

19 мај 2026

Чешкиот премиер и претседателот се караат кој ќе присуствува на самитот на НАТО

19 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 19
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

СДСМ: Професорката Гордана Сиљановска-Давкова падна на испит во Словенија

Press OnlineBy Press Online19 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Наместо јасно и недвосмислено да ја потврди европската обврска и да каже дека внесувањето на малцинствата во Уставот е патот за заштита на македонскиот идентитет и јазик, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Словенија продолжува со празна реторика со која само ја слабее позицијата на Македонија. Прво ќе беше посоодветно да каже, исто како што кажа и за Преспанскиот договор, дека преговарачката рамка за влез во ЕУ – од која е дел и францускиот предлог – дури повеќе од Преспанскиот договор го осигурува македонскиот идентитет како посебен народ и македонскиот јазик како негова клучна одредница. Тоа се постигнува токму со внесување на бугарското малцинство во Уставот на Македонија“ соопштија вечерва од СДСМ.



Велат „Сиљановска во Словенија раскажува како македонскиот Устав предвидува права на малцинствата „општо“, за разлика од уставите на други земји. Но, тоа е празна реторика. Уставот и правниот систем ефективно ги препознаваат и реализираат правата само на оние малцинства кои се наведени во неговата Преамбула. На пример, соодветната застапеност или употребата на јазикот (како колективни права) не се применуваат за Кинези, Естонци или други, туку само за малцинствата наведени во Преамбулата. Разочарувачки слабо толкување на правата на малцинствата и на македонскиот Устав од страна на професорката по уставно право“.

„Со ова се слабее македонската позиција пред Европа и се даваат аргументи на оние кои сакаат да ја блокираат нашата европска иднина. ВМРО-ОКГ и Сиљановска продолжуваат да ја користат темата за малцинствата за внатрешна пропаганда, а не за решавање на европската обврска. Наместо да ја отворат вратата кон ЕУ, тие ја држат затворена за да ја заштитат својата криминална група од правда и одговорност. Малцинствата во Уставот не се закана, туку решение. Решение за напредок кон Европа и зајакнување на македонскиот идентитет“ велат од СДСМ.

Поврзани содржини

Кривична пријава за косовски државјанин, управувал возило со 203 километри на автопат кај Гевгелија

19 мај 2026

Доцни повратот на ДДВ и државната помош, дел од странските компании си ги чекаат парите

19 мај 2026

Путин пристигна во државна посета на Кина, клучна тема меѓународните предизвици

19 мај 2026
НАЈНОВО

Кривична пријава за косовски државјанин, управувал возило со 203 километри на автопат кај Гевгелија

19 мај 2026

Џеј Ди Венс: Направивме напредок во преговорите со Иран, никој не сака војна

19 мај 2026

Кристијан Алексиќ признал сè и не покажува каење – сакал да убие друго момче

19 мај 2026

СДСМ: Професорката Гордана Сиљановска-Давкова падна на испит во Словенија

19 мај 2026

Чешкиот премиер и претседателот се караат кој ќе присуствува на самитот на НАТО

19 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.