Драгољуб Миќуновиќ, поранешен претседател на српската Демократска партија, почина на 96-годишна возраст.
Демократската партија соопштува дека со длабока тага се збогува со еден од обновувачите на делото и основачите на модерната Демократска партија, нејзин прв претседател по обновата во 1990 година и човек кој со својот живот ја одбележа борбата за слобода, демократија и достоинство на политиката во Србија.
„Драгољуб Миќуновиќ припаѓа на генерација луѓе кои ја знаеја цената на слободата, бидејќи ја платија лично, но кои никогаш не се откажаа од борбата за демократска Србија. Како филозоф, професор, политички затвореник, пратеник и демократ, тој остави белег што ги надминува границите на една партија и припаѓа на политичката историја на Србија“, соопшти ДП.
За Демократската партија, неговото име останува дел од нашиот идентитет, нашата обнова и нашата обврска да ја продолжиме борбата за Србија на слободни граѓани, силни институции и демократски вредности“.

