Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мицкоски и Пленковиќ во Охрид: Потпишан Договор за стратешка соработка и Меморандум за енергетика меѓу Македонија и Хрватска

27 мај 2026

Израелскиот премиер хоспитализиран поради стоматолошка интервенција

27 мај 2026

Битиќи: Новата Фискална стратегија ги легитимира задолжувањата – за пет години само каматите се 2,74 милијарди евра

27 мај 2026

Повеќе луѓе повредени при експлозија во фабрика за хартија во САД

27 мај 2026

Николоски и Бутковиќ во Охрид: Решен проблемот со визите за македонските превозници во Хрватска

27 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, мај 27
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Трајчулески: Државата е во финансиска агонија, буџетот се распаѓа, Владата турка ново задолжување со кршење на процедурите

Press OnlineBy Press Online26 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) остро се спротивстави на новото задолжување на државата во износ од 260 милиони евра кај комерцијалните банки, закон кој се носи по скратена постапка. Пратеникот Митко Трајчулески од собраниската говорница обвини за брутално кршење на деловничките процедури, целосно погрешно буџетско планирање и нефункционалност на институциите, што, според него, ја турка државата во финансиска агонија.

Во своето обраќање, Трајчулески посочи дека министерката за финансии отсуствува од седницата, обвинувајќи ја дека „комитски избегала“ наместо да даде одговори пред пратениците и граѓаните. Одговорноста за прекршувањето на Деловникот тој ја лоцираше кај претседателот на Собранието, додавајќи дека власта е подготвена на сè за да го протне задолжувањето.

Милионски долгови кон стопанството и слаба реализација

Пратеникот потсети на предупредувањата од опозицијата и укажувањата од Фискалниот совет и ММФ за вештачко напумпување на приходната страна на буџетот. Според неговите податоци, 2025 година завршила со историски најниска реализација на капиталните инвестиции од само околу 50 проценти.

„Владата ја заврши годината со долг кон приватните компании по однос на завршени, а ненаплатени работи од над 600 милиони евра, и дополнителен долг за поврат на ДДВ од околу 150 милиони евра. Овие обврски се префрлаат во оваа година, што значи дека притисокот врз буџетот станува уште посилен“, предупреди Трајчулески.

Осврнувајќи се на кредитот од Унгарија, тој истакна дека реализацијата на средствата кај општините е едвај 20 отсто, додека за делот наменет за бизнисот (250 милиони евра) јавноста сè уште нема никакви информации кои фирми ги добиле субвенционираните кредити и за какви проекти.

Критика за нефункционалните министри

На крајот, пратеникот од СДСМ ја критикуваше нефункционалноста на Владата, обвинувајќи ги функционерите и директорите дека работниот ден го минуваат по кафеаните во Дебар Маало.

Трајчулески упати директни критики до повеќе членови на владиниот кабинет: за вицепремиерот Љупчо Димовски рече дека не се знае како му поминува работниот ден, за министерот Иван Стоилковиќ посочи дека функционира како „културен центар на Србија во Македонија“, министерот за земјоделство го обвини дека направил повеќе штета отколку ќар, додека министерот за култура и туризам го нарече „Алиса во земјата на чудата“.

„Овие алки во синџирот кои демонстрираат сериозна неефикасност го даваат резултатот што го имаме денес. Ова задолжување е само почеток на една финансиска агонија за оваа држава“, порача Трајчулески.

Поврзани содржини

Мицкоски и Пленковиќ во Охрид: Потпишан Договор за стратешка соработка и Меморандум за енергетика меѓу Македонија и Хрватска

27 мај 2026

Битиќи: Новата Фискална стратегија ги легитимира задолжувањата – за пет години само каматите се 2,74 милијарди евра

27 мај 2026

Николоски и Бутковиќ во Охрид: Решен проблемот со визите за македонските превозници во Хрватска

27 мај 2026
НАЈНОВО

Мицкоски и Пленковиќ во Охрид: Потпишан Договор за стратешка соработка и Меморандум за енергетика меѓу Македонија и Хрватска

27 мај 2026

Израелскиот премиер хоспитализиран поради стоматолошка интервенција

27 мај 2026

Битиќи: Новата Фискална стратегија ги легитимира задолжувањата – за пет години само каматите се 2,74 милијарди евра

27 мај 2026

Повеќе луѓе повредени при експлозија во фабрика за хартија во САД

27 мај 2026

Николоски и Бутковиќ во Охрид: Решен проблемот со визите за македонските превозници во Хрватска

27 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.