Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Иран го нападна аеродромот во Кувајт, еден загинат и повеќе повредени

3 јуни 2026

Во ИЈЗ вработени плаќале по 200 евра за да бидат евидентирани како присутни

3 јуни 2026

Ненадејно почина ученичка од скопското средно училиште „Цветан Димов“

3 јуни 2026

Поранешниот германски канцелар е во Русија. Кремљ: Ја поздравуваме неговата посета

3 јуни 2026

БГНЕС: Бугарија е во центарот на новата американска гасна шема за Балканот

3 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, јуни 3
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Видео: Богоев попладнево спроведен во Основниот кривичен суд во Скопје, се одлучува по барањето за притвор

Press OnlineBy Press Online3 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



 Поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев попладнево е спроведен во Основниот кривичен суд во Скопје. Богоев треба да биде изведен пред судија на претходна постапка, по барањето од Обвинителството за определување мерка притвор за него и уште три лица поради постоење на основано сомнение за злоупотреба на постапката за јавна набавка, за примање и давање поткуп.

Обвинителство, претходно соопшти, дека постои основано сомнение дека во периодот од јули 2023 до март 2024 година осомничените ја изиграле постапката за доделување договори за јавна набавка за надворешно одржување хигиена на гранични премини и терминали, при што преку фаворизирање одреден економски оператор и ограничување на конкуренцијата му овозможиле на правниот субјект да стекне противправна имотна корист во износ од 18.479.692 денари.

Управата за финансиска полиција, претходно до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Стефан Богоев во својство на службено лице – поранешен директор на Царинската управа, С. М. поранешен помошник-директор во Царинската управа, Д. Г., овластено лице во правно лице, А. С., вработено лице во правно лице, и против едно правно лице поради постоење основи за злоупотреба на јавна набавка, за примање и давање поткуп. Јавното обвинителство соопшти дека се обезбедени докази и оти за сите четири лица ќе се бара притвор.

Јавното обвинителство, претходно денеска соопшти дека постапувајќи по кривична пријава поднесена од Управата за финансиска полиција, предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донел наредба за спроведување истражна постапка против четири лица – поранешен директор и поранешен помошник-директор на Царинската управа, управител на правен субјект и вработен во истиот субјект.

– На осомничените им се ставаат на товар кривичните дела злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, примање награда за противзаконито влијание и давање награда за противзаконито влијание. Постои основано сомнение дека во периодот од јули 2023 до март 2024 година осомничените ја изиграле постапката за доделување договори за јавна набавка за надворешно одржување хигиена на гранични премини и терминали, при што преку фаворизирање одреден економски оператор и ограничување на конкуренцијата му овозможиле на правниот субјект да стекне противправна имотна корист во износ од 18.479.692 денари – соопштија од ЈОРСМ.

Според обезбедените докази, првоосомничениот, користејќи ја својата службена положба и влијание како директор на Царинската управа, влијаел врз спроведувањето на тендерската постапка во корист на избраниот понудувач, а второосомничениот, во својство на помошник-директор, влијаел врз други економски оператори да не учествуваат во завршната фаза од постапката.

– Во рамките на истрагата се обезбедени докази и за примање и давање награда за противзаконито влијание, при што првоосомничениот примил награда во износ од 111.600 денари за искористување на својата службена положба и реално влијание. Со цел непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени – посочија од Обвинителство.

 

 



Поврзани содржини

Во ИЈЗ вработени плаќале по 200 евра за да бидат евидентирани како присутни

3 јуни 2026

Ненадејно почина ученичка од скопското средно училиште „Цветан Димов“

3 јуни 2026

(Видео) Јакимовски- Вака изгледа Карпош управуван од два тројца градоначалници и специијален надзор на премиерот

3 јуни 2026
НАЈНОВО

Иран го нападна аеродромот во Кувајт, еден загинат и повеќе повредени

3 јуни 2026

Во ИЈЗ вработени плаќале по 200 евра за да бидат евидентирани како присутни

3 јуни 2026

Ненадејно почина ученичка од скопското средно училиште „Цветан Димов“

3 јуни 2026

Поранешниот германски канцелар е во Русија. Кремљ: Ја поздравуваме неговата посета

3 јуни 2026

БГНЕС: Бугарија е во центарот на новата американска гасна шема за Балканот

3 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.