Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

ФЗО: Се намалуваат цените на ПАП и ХПВ-тестовите

11 јуни 2026

Пожар над Штип, градоначалникот Јорданов најави вонредна прес-конференција

11 јуни 2026

Јорданов: Приоритет е заштита на имотите на граѓаните – доброволците се мобилизирале за само 10 минути!

11 јуни 2026

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот Трипуновски

10 јуни 2026

Јотова по средбата со Сиљановска Давкова порачала дека мора да се спроведат уставните измени

10 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Вашингтон ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања поради еболата

Press OnlineBy Press Online10 јуни 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања,  поради епидемијата на ебола во делови од Централна Африка, а со цел да се спречи ширењето на вирусот за време на Светското првенство во фудбал.

Според неименувани официјални претставници, на 1 јуни САД испратиле дипломатски документ во кој изразиле загриженост поради епидемијата и ги повикале европските земји да воведат ограничувања за патувања. Европски дипломат и уште еден извор запознаен со случајот изјавиле дека земјите од ЕУ се уште не одговориле на документот.

Минатиот месец американските Центри за контрола и превенција на болести воведоа забрана за влез во САД за лица кои не се американски државјани, а во претходните 21 ден престојувале во Демократска Република Конго, Уганда или Јужен Судан. На американските државјани им беше наложено да влегуваат во земјата преку одредени аеродроми каде се спроведуваат здравствени проверки.

Државниот секретар, Марко Рубио, изјави дека не смее да се дозволи еболата да влезе во САД и дека напорите на администрацијата се насочени кон спречување на влез на лица кои биле потенцијално изложени на вирусот, иако земјата располага со капацитети за лекување и изолирање на заболени од ебола.

Претставник на Стејт департментот изјави дека ограничувањата за патувања, заедно со американската финансиска поддршка за мерките против ебола, покажуваат дека Вашингтон презема одговорност за заштита на американските граѓани од сојот „Бундибуџо“ на ебола, чија епидемија Светската здравствена организација ја прогласи за меѓународна здравствена вонредна состојба.

Поврзани содржини

Трамп се закани дека повторно силно ќе го нападне Иран

10 јуни 2026

Германија започнува проект за борбен авион по пропаѓањето на европскиот 

10 јуни 2026

Украина изврши нови напади врз Москва и повеќе руски региони

10 јуни 2026
НАЈНОВО

ФЗО: Се намалуваат цените на ПАП и ХПВ-тестовите

11 јуни 2026

Пожар над Штип, градоначалникот Јорданов најави вонредна прес-конференција

11 јуни 2026

Јорданов: Приоритет е заштита на имотите на граѓаните – доброволците се мобилизирале за само 10 минути!

11 јуни 2026

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот Трипуновски

10 јуни 2026

Јотова по средбата со Сиљановска Давкова порачала дека мора да се спроведат уставните измени

10 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.