Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Владата за најавената реконструкција: Со оглед на тоа што разговорите се во рана фаза и станува збор за чувствителен процес кој бара сериозен пристап, во овој момент не би навлегувале во детали

19 јуни 2026

„На државно ќе чекате три месеци, но на приватно можеме да ве оперираме уште утре“ – Алиу раскажува за поплаки од пациентите

19 јуни 2026

Остра реакција на Мелони: „Трамп измислува. Не го молев за фотка со мене“

19 јуни 2026

Грција сака Црна Гора да влезе во ЕУ за време на нејзиното претседателство во 2027

19 јуни 2026

Премногу енергија трошевме на работи што требаше да бидат затворени, мора да го смениме тој пристап – порача Мицкоски на Националниот совет за развој

19 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Press OnlineBy Press Online19 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Јавното обвинителство бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени вчера во рамките на истражната постапка против 18 физички и осум правни лица за проневера на над 180 милиони денари во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).



Сите 12 лица, меѓу кои и поранешниот претседател ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, кои вчера се уапсени, се веќе изведени пред судија на претходна постапка пред Основниот кривичен суд во Скопје, каде што треба да одлучува по барањата на Обвинителството, а пет се недостапни на органите на прогон. Поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, кој е второосомничен, е веќе во притвор за друго дело за кое се сомничи и беше уапсен во април годинава.

Јавниот обвинител Фатон Азизи од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – ОЈО ГОКК денеска ја оцени вчерашната акција како успешна додавајќи дека петмина од лицата што требало да се приведат не успеале да ги најдат во нивните домови.

– Пет од вкупно 18 не се достапни. Според информациите со кои располагаме, сметаме дека некои од нив се во блиското опкружување. Сметаме дека многу бргу би можело да се појават пред органите на прогонот и да кажат своја теорија и став во однос на сето ова што се води како истрага – изјави Азизи.

Јавното обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 18 физички и осум правни лица, меѓу кои и двајцата поранешни претседатели на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски и Муамед Сејдини.

Ѓорѓиоски и Сејдини, како прво- и второосомничени, и третоосомничената Олгица, во својство на службено лице – раководителка на Одделението за финансии и сметководство во ФФМ, се осомничени дека се сторители на кривично дело проневера во службата, а другите осомничени како управители на осомничените правни лица се товарат за помагање на делото проневера во служба, како и по едно кривично дело перење пари и други приноси од кривично дело. Правните лица во истрагата се опфатени за кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело.

– Дејствата се од 2015 до 2019 година, со тоа што прво- и второосомничениот како службени лица, претседатели на ФФМ, имаат потпишано вкупно 728 платни налози, што им биле доставени од страна на третоосомничената на потпис за реализација, со тоа што преку незаконски платени парични средства за услуги што никогаш ФФМ не ги добила од правните лица и за стоки што никогаш не влегле во ФФМ нанесена е штета од големи размери во износ од 180 милиони денари или речиси три милиони евра – изјави јавниот обвинител Азизи.

Азизи појасни дека во текот на предистражната постапка обезбедени се докази дека услугите за кои се издадени фактури никогаш не стигнале до ФФМ.

– Сите субјекти во поголем дел имаат соработка со ФФМ, меѓутоа дел од паричните средства што ги имаат добиено на незаконски начин ги имаат вметнато преку Олгица за да бидат реализирани и потпишани од страна на претпоставените, тоа се службените лица во својство на претседатели на ФФМ. Обезбедивме докази во текот на предистражната постапка дека тие услуги за кои се издадени фактури никогаш не стигнале до ФФМ. Притоа имаме и произнесување од претставникот на ФФМ како во однос на услугите и стоките така и во однос на висината на штетата што им е причинета – изјави Азизи.

Како резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ, вчера, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во координација со Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи, извршија претреси на домови, деловни простории и лица на повеќе локации во Скопје, при што од слобода беа лишени 12 лица, меѓу кои и поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, а пет лица во моментот се недостапни за органите на прогонот. Муамед Сејдини беше уапсен во април годинава и му беше определен притвор поради основано сомневање дека сторило кривично дело проневера во службата со парични средства поврзани со изградба на трибина на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.

Акцијата е резултат на претходно поднесена кривична пријава против три лица вработени во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), управители, сопственици и овластени лица на правни субјекти, како и против самите правни лица, поради сомнение за сторени повеќе кривични дела и проневера на 2,4 милиони евра.

Според доказите од предистражната постапка, првоосомничениот, во својство на претседател на ФФМ, и по претходен договор со осомничената раководителка на Одделението за финансии, во периодот од 1 јануари 2015 до 25 јули 2018 година, со намера да прибават противправна имотна корист, присвоиле парични средства доверени во службата во вкупен износ од 127.451.156 денари. Второосомничениот, исто така како претседател на ФФМ, во договор со истата раководителка, во периодот од 25 јули 2018 до 10 октомври 2019 година, присвоил парични средства во износ од 53.351.209 денари.

Осомничената раководителка на Одделението за финансии и сметководство, со цел да ги прикрие незаконските исплати кон повеќе правни лица, вршела манипулации со сметководствената евиденција на ФФМ. Најнапред плаќањата ги евидентирала како намалување обврски по основ на влезни фактури, а потоа вршела измени на веќе евидентираните налози за книжење бришејќи ги обврските и евидентирајќи ги како трошоци, без наведување конкретна фактура, услуга или деловен партнер – се наведува во соопштението на Финансиската полиција.

Двајцата поранешни претседатели на ФФМ, иако биле должни да вршат контрола и да обезбедат законито и наменско користење на средствата, одобриле и потпишале вкупно 728 налози за исплата доставени од раководителката овозможувајќи исплата без валидна документација. Со ова, спротивно на Статутот и Правилникот на ФФМ, на Федерацијата ѝ нанеле вкупна штета од 180.802.365 денари.

Осомничените управители и сопственици на фирми издавале фактури со невистинита содржина за наводно извршени услуги и испорачани стоки кон ФФМ, врз основа на кои биле изготвувани налозите за исплата. Парите стекнати со кривичното дело потоа биле пуштани во оптек во финансискиот промет за да се прикрие нивното незаконско потекло.



Поврзани содржини

Владата за најавената реконструкција: Со оглед на тоа што разговорите се во рана фаза и станува збор за чувствителен процес кој бара сериозен пристап, во овој момент не би навлегувале во детали

19 јуни 2026

„На државно ќе чекате три месеци, но на приватно можеме да ве оперираме уште утре“ – Алиу раскажува за поплаки од пациентите

19 јуни 2026

Премногу енергија трошевме на работи што требаше да бидат затворени, мора да го смениме тој пристап – порача Мицкоски на Националниот совет за развој

19 јуни 2026
НАЈНОВО

Владата за најавената реконструкција: Со оглед на тоа што разговорите се во рана фаза и станува збор за чувствителен процес кој бара сериозен пристап, во овој момент не би навлегувале во детали

19 јуни 2026

„На државно ќе чекате три месеци, но на приватно можеме да ве оперираме уште утре“ – Алиу раскажува за поплаки од пациентите

19 јуни 2026

Остра реакција на Мелони: „Трамп измислува. Не го молев за фотка со мене“

19 јуни 2026

Грција сака Црна Гора да влезе во ЕУ за време на нејзиното претседателство во 2027

19 јуни 2026

Премногу енергија трошевме на работи што требаше да бидат затворени, мора да го смениме тој пристап – порача Мицкоски на Националниот совет за развој

19 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.