Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Во притворите на американската ИЦЕ годинава починале 18 лица

26 јуни 2026

Мал проблем е што овој од Пампорово сега има каде да се жали, откако оној од Паљури го смени името за Македонија да влезе во НАТО.

26 јуни 2026

Лукаревска: Оптимизацијата на ВМРО носи неизвесност, страв и отпуштања за наставниците

26 јуни 2026

Џон Болтон ќе плати 2,25 милиони долари казна поради задржување доверливи информации

26 јуни 2026

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит

26 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Мицкоски потврди: Преговарачката рамка не може да се промени

Press OnlineBy Press Online26 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Најмалку една година пред изборите во 2024 тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ водеше кампања дека преговарачката рамка со ЕУ може да се промени. Нејзините претставници и некои аналитичари тврдеа дека преговарачката рамка не е исклесана во камен за да не може да се промени.



Тој наратив дека е можна промена на преговарачката рамка траеше уште најмалку една година по победата на изборите во 2024, а потоа полека да исчезнува од дискурсот на владејачките претставници, откако таквата можност беше отфрлена од сите главни претставници на Европската унија.

Премиерот Христијан Мицкоски во четвртокот конечно призна – преговарачката рамка не може да се промени. Во интервју за МТВ за двете години на владата, премиерот рече:

„Не очекувам дека во евроинтегративниот процес ќе има какви било промени, бидејќи тоа е договор којшто може да се промени само со консензус. Не очекувам дека некои од земјите членки ќе сакаат да се промени тој договор во којшто би изгубиле делумно од своите позиции…“

Тој се осврна на нон-пејперот на Франција и Германија и кусо забележа дека на средбите со Емануел Макрон и Фридрих Мерц давал предлози за нивниот план за интегрирање на Западен Балкан. Но не кажа дали станало збор и за македонскиот излез од европскиот ќор-сокак.

„Можеби е доволно да се најде некој друг механизам како Реформската агенда или Планот за раст, па на тој начин, практично да се дадат поттици и поддршка на земјите од Западен Балкан. Тоа беше мојот предлог што го дадов на тие билатерални средби и мислам дека предизвикав внимание. Ќе видиме сега дали тоа ќе биде операционализирано“, рече Мицкоски.

Поврзани содржини

Мал проблем е што овој од Пампорово сега има каде да се жали, откако оној од Паљури го смени името за Македонија да влезе во НАТО.

26 јуни 2026

Лукаревска: Оптимизацијата на ВМРО носи неизвесност, страв и отпуштања за наставниците

26 јуни 2026

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит

26 јуни 2026
НАЈНОВО

Во притворите на американската ИЦЕ годинава починале 18 лица

26 јуни 2026

Мал проблем е што овој од Пампорово сега има каде да се жали, откако оној од Паљури го смени името за Македонија да влезе во НАТО.

26 јуни 2026

Лукаревска: Оптимизацијата на ВМРО носи неизвесност, страв и отпуштања за наставниците

26 јуни 2026

Џон Болтон ќе плати 2,25 милиони долари казна поради задржување доверливи информации

26 јуни 2026

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит

26 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.