Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Крим во опсадна состојба. По украинските напади нема гориво, а и снемува храна

27 јуни 2026

Претседателска катарза

27 јуни 2026

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

27 јуни 2026

Драматични сцени во Пекинг: Авион удри во највисокиот облакодер, остатоци паѓаат од кулата

27 јуни 2026

Приврзаници на ДУИ протестираа во Тетово против укинувањето на одлуката за преименување на улици од 2007

27 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Приврзаници на ДУИ протестираа во Тетово против укинувањето на одлуката за преименување на улици од 2007

Press OnlineBy Press Online27 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со транспаретни во рацете, веејќи албански знамиња и извикувајќи пароли, граѓани денеска излегоа на протестен марш во Тетово против одлуката на Уставниот суд со која се укина преименувањето на дел од улиците и плоштадот во градот, одлука што во 2007 година ја донесоа тогашните општински власти. Со укинувањето на одлуката на Општина Тетово од пред речиси 20 години, се враќаат претходните имиња на дел од улиците и на градскиот плоштад кој во 2007 беше преименуван од „Маршал Тито“ во „Илирија“.



Од денешниот протест на ДУИ во Тетово / Фото: Принтскрин

Протестниот марш дојде на повик на опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ), чиј огранок во Тетово пред неколку дена донесе одлука за негово одржување, а на собир против одлуката на Уставниот суд повика и лидерот на партијата Али Ахмети.

Протестот започна на градскиот плоштад, од каде присутните се упатија кон зградата на Општина Тетово, каде што го изразија своето незадоволство од одлуката на Уставен, но и од актуелното раководство на општината и градоначалникот Биљал Касами, кој е и копретседател на владејчката партија Влен.

На протестот, како што пренесоа медиумите, немаше јавни обраќања. Беа извикувани пароли „УЧК“, „Кој го продаде Тетово – Биљал“, „Српски свет надвор од Тетово“, а на општинската зградата беа залепени имиња на улици. Пред зградата, присутните ги оставија и транспарентите кои ги носеа на протестниот марш, по што мирно си си заминаа од пред зградата на Општина Тетово.

Фото: Принтскрин

Уставниот суд на седницата одржана на 17 јуни ја укина одлуката за преименување на дел од улиците и централниот плоштад во Тетово, донесена во 2007 година кога градоначалник на општината беше Хазби Лика од ДУИ, со образложение дека тогашното раководство на локалната самоуправа не го испочитувало законскиот услов според кој согласност за таквото преименување на улици и објекти треба да даде и Владата.
„Согласно член 5 став 2 од Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, за донесување одлука за промена на имињата е потребна претходна согласност од Владата. Со донесувањето на Одлуката без потребната согласност од Владата, Општина Тетово го повредила начелото на владеење на правото, утврдено во член 8 став 1 алинеја 3 и член 51 од Уставот, како и член 5 став 2 од Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти“,наведоа од Уставниот суд во образложението на одлуката.

На одлуката на Уставен, остро реагираа од Демократската унија за интеграција (ДУИ), оценувајќи дека таа покажува дека, како што наведоа истиот ден, кампањата за демонтирање на политичките достигнувања на Албанците влегува во нова фаза. Според ДУИ, враќањето на името „Маршал Тито“ на централниот плоштад во Тетово е само најновиот знак дека државните институции се користат за бришење на трагите од еднаквоста која е стекнувана со децении политички напори.

Повикувајќи се на изјава на уставниот судија Осман Кадриу, од ДУИ излегоа и со тврдења дека Општина Тетово воопшто не ја бранела одлуката донесена пред деветнаесет години и не презентирала никакви аргументи пред судот. Дополнително, рекоа од партијата, Владата не доставила конкретен одговор и не презела чекори за одбрана на актот, а судската одлука била донесена преку етничко надгласување, при што двајцата судии Албанци и еден судија Турчин во Уставниот суд биле надгласани од мнозинството.

Видеото од протестот може да го видите тука



Поврзани содржини

Претседателска катарза

27 јуни 2026

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

27 јуни 2026

(ВИДЕО) Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Градско, кај Плетвар

26 јуни 2026
НАЈНОВО

Крим во опсадна состојба. По украинските напади нема гориво, а и снемува храна

27 јуни 2026

Претседателска катарза

27 јуни 2026

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

27 јуни 2026

Драматични сцени во Пекинг: Авион удри во највисокиот облакодер, остатоци паѓаат од кулата

27 јуни 2026

Приврзаници на ДУИ протестираа во Тетово против укинувањето на одлуката за преименување на улици од 2007

27 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.