Поради сообраќајна незгода, од 06:06 часот утринава е во прекин сообраќајот на автопатот Куманово – Велес, кај клучката „Меѓународен аеродром Скопје“, на исклучокот од Скопје кон аеродромот.
Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека сообраќајот се пренасочува преку клучката Рафинерија.

