Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Во гасењето на големиот пожарот кај Велес попладнево вклучен воздухоплов на ДЗС

30 јуни 2026

Кога Црна Гора ќе влезе во ЕУ ќе добие 3 милијарди евра од следниот буџет на Унијата

30 јуни 2026

Удар за Трамп: Врховниот суд ја отфрли извршната наредба да го укине правото на државјанство по раѓање

30 јуни 2026

Реконструкција: Клековски во Здравство, Перински во ФЗО, Стоилковиќ во Локална самоуправа

30 јуни 2026

Пожар во близина на македонско-грчката граница кај Дојран

30 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

И Здравје и работа: Повиците на активистите за меѓународна арбитража за „Иловица – Штука“ се неодговорни – цената ќе ја платиме сите

Press OnlineBy Press Online30 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Реакција на “И здравје и работа”:



Со загриженост ги следиме јавните повици на дел од активистите државата намерно да го турка случајот „Иловица – Штука“ кон меѓународна арбитража. Таквите повици не се во интерес ниту на државата, ниту на граѓаните. Напротив, тие се правно ризични и можат Македонија да ја чинат десетици милиони евра особено имајќи предвид дека домашните судови веќе донесоа одлуки со кои укажаа на пропусти.

Меѓународната арбитража не е место каде што се водат политички битки или се исполнуваат желби на поединци. Таму се оценува дали државата ги почитувала сопствените закони, преземените обврски и принципите на правна сигурност. Доколку арбитражниот суд оцени дека тие биле прекршени, сметката нема да ја плати инвеститорот, туку сите граѓани преку државниот буџет.

Затоа е погрешно и неодговорно однапред да се навива за арбитража, како тоа да е победа за некого. Тоа не е победа, туку сериозен ризик Македонија да исплаќа милионски оштети наместо тие средства да се вложуваат во здравство, образование, инфраструктура или повисок животен стандард

Како локална иницијатива која се залага за економски развој преку почитување на високи еко стандарди сметаме дека институциите треба доследно да ги почитуваат судските одлуки, да ги спроведат законските процедури и да носат одлуки врз основа на законите, фактите и стручните анализи.

Никој не бара проектот да биде одобрен по секоја цена. Ако не ги исполнува сите законски, технички и еколошки услови, институциите имаат обврска да не дадат дозвола. Но, ако ги исполнува сите пропишани критериуми, тогаш државата има иста таква обврска да постапува согласно законот, а не под притисок на поединци или интересни групи.

Во целата оваа дебата не смее да се заборави уште една важна работа – Македонија има потреба од нови инвестиции, нови работни места и поголем извоз. Проектот „Иловица – Штука“ претставува инвестиција од околу 350 милиони евра, која според проектните проценки може да отвори околу 500 директни и до 3.000 индиректни работни места, да донесе десетици милиони евра годишни приходи за државата, дополнителни средства за општините и значително да го зголеми извозот на земјата. Во време кога младите масовно се иселуваат, а државата бара начини да го намали трговскиот дефицит и да го забрза економскиот раст, не можеме однапред да ги отфрламе инвестициите што имаат потенцијал да придонесат за развој.

Токму затоа сметаме дека единствениот исправен пат е институциите мирно, професионално и согласно закон да ја завршат целата постапка. Проектот треба да биде оценуван според фактите, современите еколошки стандарди и важечките закони, а не според стравови, политички притисоци или желби за судски пресметки.

Македонија нема потреба од нови арбитражи и милионски оштети. Македонија има потреба од правна сигурност, одговорни институции и мудри одлуки што ќе ги штитат и јавниот интерес и иднината на државата.

 

 



Поврзани содржини

Во гасењето на големиот пожарот кај Велес попладнево вклучен воздухоплов на ДЗС

30 јуни 2026

Реконструкција: Клековски во Здравство, Перински во ФЗО, Стоилковиќ во Локална самоуправа

30 јуни 2026

Пожар во близина на македонско-грчката граница кај Дојран

30 јуни 2026
НАЈНОВО

Во гасењето на големиот пожарот кај Велес попладнево вклучен воздухоплов на ДЗС

30 јуни 2026

Кога Црна Гора ќе влезе во ЕУ ќе добие 3 милијарди евра од следниот буџет на Унијата

30 јуни 2026

Удар за Трамп: Врховниот суд ја отфрли извршната наредба да го укине правото на државјанство по раѓање

30 јуни 2026

Реконструкција: Клековски во Здравство, Перински во ФЗО, Стоилковиќ во Локална самоуправа

30 јуни 2026

Пожар во близина на македонско-грчката граница кај Дојран

30 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.