Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мицкоски бара внимание

1 јули 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

1 јули 2026

Тесна победа на Кеико Фуџимори на претседателските избори во Перу

1 јули 2026

Димитриевски: ЗНАМ со владината реконструкција го добива Министерството за земјоделство, ќе го раководи Борче Серафимовски

1 јули 2026

ЦУК: До 18:00 часот 13 пожари на отворен простор од кои два се активни 11 изгаснати

1 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Мицкоски бара внимание

Press OnlineBy Press Online1 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пишува: Џабир Дерала

Кога една сериозна закана со монументални размери, споредлива со тридневната „специјална воена операција“ на Путин, не успева да ја расплаче и крене целата нација на нозе, тука нешто не е в ред, навистина. Логично беше премиерот да крене раце и да бара нова тема. Па можеби и друга нација. Но тој не се откажува. Мицкоски не е таков човек. Иако „скандалот“ со протечената дипломатска нота не ја потресе нацијата, тој донесе храбра и горда одлука да не се откаже.

И навистина, кому му е гајле што таму некој си лик со тетоважа на Путин ги запали автомобилите на бугарската амбасада среде бел ден? Па тоа се тривијалности, обични ситници! Владиниот ПР маестрално процени дека на домашната јавност ѝ треба вистинска драма – епски трилер со стара дипломатска нота и со Мицкоски во главната улога на загрозен херој. Планот е брилијантен: да се спаси народот од реалноста, каде што се палат коли, а уште повеќе од ќор-сокакот во кој се наоѓа државата по сите вертикали и хоризонтали. Тоа што инаку подмачканата пропагандна машина на ВМРО-ДПМНЕ овојпат малку зариба, воопшто не го обесхрабрува премиерот. Тој машки се држи до темата и упорно се обидува да ѝ ја извади маста, па макар и на суво.

Народот, кај да е, ќе се расплаче.

Слушам дека и подготовките за НАТО самитот што треба да се одржи во Анкара на 7 и 8 јули во Анкара се целосно запрени, затоа што генсекот Марк Руте и неговата заменичка Радмила Шекеринска донеле одлука прво да ја решат оваа ситуација со Мицкоски и големата опасност во која е доведено неговото семејство шест месеци по престојот во Бугарија, на што протечената дипломатска нота и се однесува. И Доналд Трамп повторно распали по Иран, бидејќи Пит Хегсет не можел да ја најде Бугарија на Гугл мапс.

Сатирата на страна, навистина беше чудно што Мицкоски толку пренагласено се занимава со оваа тема до моментот кога тој, односно неговата партија, го прозва, поточно го обвини СДСМ и неговиот шеф, Венко Филипче, за „молк“! Не реагирале со осуда на лошите Бугари кои го довеле неговото семејство во „опасност“.

Чекајте малку, а зошто некој би реагирал воопшто?

Упс, сега ми текна, па премиерот се чувствува осамено! Имено, осаменоста не значи дека нема луѓе околу вас, тоа чувство може да се роди во некого, без оглед на тоа дали и колку е опкружен со луѓе.

Можеби има и потреба од внимание и нежност, поддршка. Ако вака се погледнат наративите што тој ги плете околу себе во врска со случајот Пампорово/дипломатска нота, некако работите добиваат некаква смисла и логика. Ова не е сатира, сериозен сум. Тоа чувство е опишано во илјадници стручни и уметнички дела и не треба човек да се подбива со тоа.

Од друга страна, секогаш е добро време да се напаѓа опозицијата, без оглед на тоа колку е слаба, бидејќи тоа ја создава сликата дека нешто се случува, дека некој нешто се обидува да направи, а некој таму расипува. Така е, предавничката опозиција, лошите Бугари и Албанци, а особено Албанки – кои во меѓувреме тргнаа во освојување и на машкиот базен во Тетово – постојано коваат заговори против земјата и против власта. А и Грците – кои ни го украдоа името во соработка со домашните предавници – не мируваат, особено не в лето. Класични хибридни закани!

 


Авторот лично ја презема целата одговорност за овој текст, без никаква одговорност на медиумските платформи/издавачите што го објавуваат | ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани

Поврзани содржини

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

1 јули 2026

Димитриевски: ЗНАМ со владината реконструкција го добива Министерството за земјоделство, ќе го раководи Борче Серафимовски

1 јули 2026

ЦУК: До 18:00 часот 13 пожари на отворен простор од кои два се активни 11 изгаснати

1 јули 2026
НАЈНОВО

Мицкоски бара внимание

1 јули 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

1 јули 2026

Тесна победа на Кеико Фуџимори на претседателските избори во Перу

1 јули 2026

Димитриевски: ЗНАМ со владината реконструкција го добива Министерството за земјоделство, ќе го раководи Борче Серафимовски

1 јули 2026

ЦУК: До 18:00 часот 13 пожари на отворен простор од кои два се активни 11 изгаснати

1 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.